Линкови за пристапност

САД се подготвуваат за новиот бран од пандемијата предизвикан од омикрон варијантата


Џо Бајден треба да одржи обраќање во вторник во кое ќе ја нагласи важноста на вакцинации против ковид-19 и нови чекори што неговата влада ги презема за борба против пандемијата

Со оглед на тоа што бројот на нови пријавени случаи на коронавирус е двојно поголем од оној пред два месеци, и со високо преносливата варијанта омикрон која опфаќа речиси три четвртини од случаите во Соединетите Држави, претседателот Џо Бајден треба да одржи обраќање во вторник во кое ќе ја нагласи важноста на вакцинации против ковид-19 и нови чекори што неговата влада ги презема за борба против пандемијата.

Белата куќа соопшти пред говорот дека Бајден ќе објави имплементација на модуларни клиники за вакцинација и нови федерални локации за тестирање во различни области низ земјата, како и напори за дистрибуција на 500 милиони брзи тестови за домашна употреба во јануари.

Новите иницијативи, исто така, вклучуваат помош во грижата за пациентите со ковид-19, со предпозиција на материјали како што се вентилатори, како и маски N-95, ракавици и наметки за заштита на медицинските работници. Федералната влада, исто така, ќе работи на проширување на капацитетите во болниците и распоредување на 1.000 воен медицински персонал во болниците, соопшти Белата куќа.

Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, во понеделникот им рече на новинарите дека главната порака од говорот на Бајден ќе биде за потребата од вакцини против ковид-19, за кои Центрите за контрола и превенција на болести велат дека се ефикасни во спречувањето на тешки болести и смрт.

„Поважно, тој ќе повтори дека сме подготвени и дека целосно вакцинираните поединци имаат алатки да се заштитат со бустер дозата како и носењето на маска што го препорачува ЦДЦ“, рече Псаки. „За оние кои ќе изберат да останат невакцинирани, тој ќе издаде остро предупредување и јасно ќе каже дека невакцинираните лица ќе продолжат да предизвикуваат хоспитализација и смртни случаи“.

Според податоците на ЦДЦ, 204 милиони луѓе во САД се целосно вакцинирани, а 61 милион луѓе или 30 отсто од населението - примиле бустер доза.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG