Линкови за пристапност

Лековите достапни за ковид, веројатно нема да делуваат против омикрон


Делта варијантата сè уште претставува повеќе од 95 отсто од случаите во САД, според Центрите за контрола и превенција на болести

Новата варијанта на ковид - омикрон брзо се шири во САД, додека лекарите предупредуваат на уште еден предизвик: двата стандардни лекови што ги користеа за борба против инфекции веројатно нема да делуваат против новиот вид.

Повеќе од една година, лековите за антитела се најпогодни третмани за лекување во раба фаза на болеста, благодарение на нивната способност да се справат со тешката болест и да ги задржат пациентите надвор од болница.

Но, и двата производители на лекови неодамна предупредија дека лабораториското тестирање сугерира дека нивните терапии ќе бидат многу помалку моќни против омикрон, кој содржи десетици мутации што им отежнуваат на антителата да го нападнат вирусот. И додека компаниите велат дека можат брзо да развијат нови антитела насочени кон омикрон, тие не се очекува да бидат лансирани најмалку неколку месеци.

Третото антитело од британскиот производител на лекови Глаксо се чини дека е најдобро позиционирано во борба против омикрон. Но, лекот на Глаксо не е широко достапен во САД.

Делта варијантата сè уште претставува повеќе од 95 отсто од случаите во САД, според Центрите за контрола и превенција на болести. Но, лидерите на агенцијата велат дека омикрон се шири побрзо од која било варијанта и ќе стане доминантен вид на национално ниво за неколку недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG