СКОПЈЕ - Централното престедателство на „Алтернатива“ на состанокот кој заврши предмалку утврди дел од имињата кои ќе бидат предлжени на министерстките и заменички места како и на директорските кои партијата ги доби како дел од колачот за влез во колаицијата со СДСМ и ДУИ и зацврствување на мнозинството во Парламентот.
Претседателот на партијата Африм Гаши ги соопштил имињата на идните функционери а членовите на Централното претседателство едногласно ги прифатиле.
Како што беше најавено и очекувано стоматологот Беким Сали, кој претрпе пораз на локалните избори во Општина Чаир,ќе биде новиот министер за здравство во идниот кабинет на Владата и ќе го заменик министерот Венко Филипче.
Адмирим Алити е предлогот на „Алтернатива“ за министер за информатичко општество и администрација додекаЏемаил Чупи за министер без ресор одговорен за дијаспората. Трите заменички места ќе ги пополнат со Даим Лучи во култура, Лулзим Алиу во образование и наук иАбдулшиќир Абедини кој е прдлогот за заменик министер за земјоделство.
Актуелниот пратеник и поранешен министер за култура, Хисни Џенаили, ќе биде потпретседател во Собранието.
Партискиот портпарол Орхан Муртезани ќе седне во директорското место во МЕПСО а Дритон Беџети е предлогот за директор на ПИОМ. Амир Елези ќе биде новиотдиректор на Клиничката болница во Тетово, Беким Емини ќе ја водиАгенцијата за странски инвестиции, Мубекир Палоши ќе биде идниот директор на АД „Железници на Македонија – Транспорт“ а Блерим Абази ќе ја води Управата за водење на матични книги.
Имињата на кандидатите за останатите функции кои ги доби „Алтернатива“ во договорот меѓу Гаши и Заев ќе бидат соопштени во текот на неделата.
„На седницата беа избрани и носителите на некои други јавни институции, кои ќе бидат објавени деновиве“, информираат од „Алтернатива“.
Премиерот Зоарн Заев ќе ја поднесе својата оставка на 22 декември а повеќе од извесно е дека, како и во партијата трака и во Вкадата, ќе го наследи Димитар Ковачевски актуелен заменик министер за финансии и лидер на СДСМ.
Facebook Forum