СКОПЈЕ - Речиси три часа траеше средбата на премиерот во заминување Зоран Заев и претседатеот на ДУИ, Али Ахмети а на која присуствуваа и првиот вицепремиер Артан Груби како и новиот претседатл на СДСМ и најверојатно иден мандатар Димитар Ковачевски и вицепремиерот Љупчо Николовски.
Во пресрет на средбата беше јасно дека на неа ќе се разговара и за новиот владин кабинет и евентуалните нови имиња на министерските позиции и во вториот ешалон со оглед на фактот дека двете партии отстапија педесетина места на идниот коалиционен партнер Аелтернатива.
Заев и Ахмeти не дадоа изјави а од Владата преку соопштение информираа дека станува збор за работна средба во рамки на консултативните средби за владините приоритети, за преземањето одговорности и за одржувањето и надградувањето на владиното и парламентарно мнозинство.
„На средбата беше потврдено дека исполнета е целта да се обезбедат стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство кои дејствуваат исклучиво во интерес на граѓаните и во интерес на државните интереси“, стои во соопштението.
Приоритет на новиот мандатар останува решавање на спорот со Бугарија и старт на предпристапните преговори со ЕУ.
„ Заев, Ахмети и Ковачевски се согласни дека новата Влада ќе биде целосно фокусирана на забрзано движење на државата по евро-атлантскиот пат и дека целта е првиот голем успех на Владата да биде наоѓањето решенија за предизвиците во односите со Бугарија и почеток на преговорите за членство во Европската Унија“, информираат од Влада.
На средбата е потенцирано дека следните парламентарни избори очекувано е да бидат редовни и да се одржат во 2024 година, а до тогаш Владата ќе испорача економски резултати, брзи и квалитетни услуги кон граѓаните и успешно справување со пандемиската и со енергетската криза.
А пред средбата во Влада, Ахмети беше во Собранието каде се сретнаа со претседателот на најголемата опозициска партија од македонскиот блок ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата која траеше еден час се разговарало за спорот со Бугарија и црвените линии изгласани во Собранието.
„Јас лично и ВМРО-ДПМНЕ цениме дека треба да се напушти принципот на коленичење и сервилност, треба да се покаже карактер и да се вложиме максимално сите за да го покажеме тој карактер. Доста е од срамови и понижување, народот е фрустриран затоа што многу отстапки направи во оваа наша независност, а во суштина уште сме во предворјето и не можеме да го почнеме тој процес на преговори. Тоа е нашата принципиелна позиција и таа позиција подготвен сум да ја бранам и со факти и со аргументи било каде и пред било кој“, изјави Мицкоски.
Околу одржување на предвремени избори, Мицкоски бил децидно за, додека Ахмети не го соопшти својот став.
„Имајќи ја во предвид состојбата во општеството, криминалот и корупцијата нефункционалните институции, недисциплината, лошата економска и енергетска состојба во земјава и уште многу други фактори коишто негативно влијаат, мојот став е дека само со сериозен ресет на системот, многу макотрпна работа и нови луѓе можеме да излеземе од оваа кризна состојба од којашто се наоѓаме, а за тоа се потребни предвремени парламентарни избори“, кажа Мицкоски.
Двајцата лидери не разговаралеза техничка Влада според Законот треба да се формира во последните 100 дена од Владата.
Во Парламентот беше и лидерот на Алетрантива, Африм Гаши, кој смета дека е добро што има средби меѓу партиските лидери а околу предвремените парламентарни избори кажа дека доколку 61 пратеник одлучи дека треба да се одржат.
Facebook Forum