Линкови за пристапност

Девет готвачи приготвија 700 топли оброци за социјално ранливи граѓани од Струга и Охрид


Бесплатни топли оброци
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:29 0:00

Хуман гест за почит кој на иницијатива на стружанецот Никола Петрески, спои на едно место професионални готвачи од Охрид, Струга, Валандово, Скопје и Кавадарци

За четири часа во Струга беа приготвени околу 700 бесплатни топли оброци, кои беа поделени на граѓаните од социјално ранливите категории од Охрид и Струга. На иницијативата на стружанецот Никола Петрески, се приклучија вкупно девет готвачи, а некои допатуваа од Скопје, Кавадарци и Валандово.

„Мислам дека оваа акција што ја спроведуваме сега, ќе ја има и во другите градови. Планирам да продолжам после акцијата, нема да застанам и повторно понеделник, среда и петок ќе делам оброци, додека се приклучи некоја друга компанија која ќе ги покрие другите денови“, вели Никола од Струга.

Се почна од еден скромен хуман гест на Никола, кој со неколку оброци неделно се обидува да им помогне на оние на кои тоа им е најпотребно. Храната која му останувала, готвејќи ја како дел од неговиот работен ангажман, наместо да ја фрла, почнал да ја дава на овие граѓани.

„После сторијата на Гласот на Америка, иницијативата доби поголем скок“.

За присутните готвачи, ова бил голем предизвик.

„Сите одвоивме време. Кој можеше да дојде, дојде. Од здружението Шефс Охрид дојдовме тројца претставници. Со пандемијатата порасна бројот на социјално загрозени лица и се надевам дека ќе дадеме се од себе за да придонесеме хуманитарно“, вели Влатко Ѓорѓиески од здружението на готвачи Охрид Шефс.

„Со Никола исконтактиравме за случката. За нас куварите возбудливо е за да помогнеме на ранливи категории. За три до четири часа се беше зготвено. Има плескавици, ориз, пире, копани и риба“, вели готвачот Горан Филипов од Кавадарци.

Потребните намирници беа обезбедени со помош на општината Струга и приватни компании.

„Се одлучивме да донираме затоа што имаме доста загрозени семејства кои не можат да си дозволат топол оброк. Па затоа сакаме да помогнеме на секој еден од нив во границите на можностите. 25 килограми риба дониравме. Тоа се некаде околу 50-60 порции. Секој заслужува да има еден топол оброк во денот и секој да биде најаден“, вели Ѓорѓи Богоески од струшката рибарница Биг Фиш.

Првите топли оброци со помош на Црвениот крст беа дистрибуирани до жителите на ромската населба во Струга.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG