Линкови за пристапност

Османи од Лондон: Потребни се храбри политички чекори од сите членки на Унијата


Османи на средба со министри во Лондон
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:58 0:00

Европската и евроатлантската перспектива на Западен Балкан, предизвиците на регионалната безбедност, вклучително и перспективите за надминување на отворените прашања кои ја загрозуваат неговата интеграција

Актуелните предизвици со кои се соочува Западен Балкан – тоа беше главната тема на денешната средба на шестемина шефови на дипломатиите од регионот во Лондон инициран од британската државна секретарка за надворешни работи, Лиз Трас.

На состанокот, на кој присуствуваа и заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Габриел Ескобар, посебниот претставник на ЕУ за Западeн Балкан, Мирослав Лајчак и специјалниот претставник на Британија за регионот, Стјуарт Пич, во детали се зборувало за европската и евроатлантската перспектива на Западен Балкан, предизвиците на регионалната безбедност, вклучително и перспективите за надминување на отворените прашања кои ја загрозуваат неговата интеграција. „Блокадата на европските интеграции за Северна Македонија и Албанија е неправилна, неоправдана и создава недоверба во целиот регион. Потребни се храбри политички чекори од сите членки на Унијата, пред сѐ од Бугарија“, изјавил на средбата шефот на македонската дипломатија, Османи.

„Заживувањето на трансатланската соработка, на оската Вашингтон-Лондон-Брисел која се покажа како многу важна во 90-тите години во трансформација на еден воен регион во регион што гради заеднички пазар, дека најдобро ќе даде порака дека овој регион нема да биде поле за геополитички натпревар, нема да се дозоволи влијание на трети фактори, полесно ќе се превенираат последните тензии што се случуваат во регионот. Споделивме заедничко мислење дека европската перспектива мора недвосмислено да продолжи и треба брзо да се најде решение меѓу Косово и Србија, како и смирување на тензиите во Босна и Херцеговина“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG