Линкови за пристапност

САД со инвестиции во Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор ќе се бори против миграцијата


Потпретседателката на САД, Камала Харис, денес треба да објави инвестиции од 1,2 милијарди долари во приватниот сектор во Централна Америка, како дел од програмата насочена кон намалување на миграцијата од регионот.

Најавата се очекува да биде соопштена на состанокот што Харис го организира со лидерите од 10 компании за да разговараат за инвестициските иницијативи во Централна Америка.

Белата куќа соопшти дека 1,2 милијарди долари вклучува петгодишен напор за проширување на поддршката за земјоделците во Хондурас, Гватемала и Ел Салвадор, како и 50 милиони долари за Центарот за родова еднаквост во Централна Америка фокусиран на економски зајакнување на жените, финансиска вклученост и намалување на родовото насилство.

Во Хондурас, Белата куќа соопшти дека Паркдејл Милс планира да изгради нова фабрика за предиво што ќе има 500 вработени.

Харис ги предводи напорите на администрацијата на Бајден да ја запре миграцијата од Централна Америка до границата со САД, со фокус на решавање на причините поради кои луѓето се чувствуваат принудени да ги напуштат своите матични земји.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG