Линкови за пристапност

Димитар Ковачевски е новиот претседател на СДСМ


Приоритети како претседател на партијата ќе му бидат враќање на единството во партијата и отварање на СДСМ за нови кадри во државата и странство. Претстои Конгрес на СДСМ на кој ќе биде потврден како нов мандатар на Владата а Ковачевски најави ќе делегира членови во Централниот одбор

СКОПЈЕ - „Вечерва завршуваме со ветувањата, од утре почнуваме со реализација. Имаме многу работа да ја вратиме довербата на граѓаните. Сите што се подготвени на посветено и чесно работење во интерес на граѓаните се добредојдени во мојот тим“, кажа новиот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, по официјализирањето на резултатите од вторите внатрепартиски избори во владечаката партија.

На денешните избори тој освои убеливо мнозинство од гласовите на членовите кои гласаа.

Според официјалните податоци од СДСМ на денешните избори одзивот е 85,6 отсто. Правото на глас го искористиле 44.406 членови а 37.649 го подржаа ДИмитар Ковачевски, актуелен заменик министер за финансии. Јован Депостовски освои 3.319 гласови, Фросина Ременски 2.836 гласа а неважечи се 602 гласа.

Квачевски им се заблагодари на сите членови кои гласаа за него и им честиташе на противкандидатите Ременски и Депостовски.

„Денес е голем ден за демократијата во Македонија и за внатрепартиската демократија во СДСМ. Вечерва СДСМ е победник. Вечерва може да славиме но од утре мора да засукаме ракавите и да се фатиме за работа. Секогаш кога СДСМ е силен и има јасна агенда државата оди напред. Затоа ни треба силен и обединет СДСМ. Ние сме столб и граѓаните со право очекуваат од нас да работиме одговорно“, рече тој во првото обраќање како претседател на СДСМ.

Приоритети како претседател на партијата ќе му бидат враќање на единството во партијата и отварање на СДСМ за нови кадри во државата и странство.

„ Да се врати единството во партијата кое произлегува од резултатите на локалните избори, да ги негуваме социјалдемократските вредности и врз основа на нив да ги градиме државните политики и за тоа ќе ми требаат најдобрите. Да се даде фер шанса на сите кои имаат професионален капацитет, да ја отвориме партијата кон нови кадри во државата и странство кои со своето знаење и искуство ќе донесат нов менталитет како во партијата така и во институциите каде СДСМ делегира свои претстваници“, најави Ковачевски.

Тој не даде прецизен датум кога ќе се одржи Конгресот на СДСМ на кој ќе биде потврден како нов мандатар на Владата. Најави дека иако партиското раководство е ново и избрани пред седум месеци тој сепак ќе делегира членови во Централниот одбор.

„За одржување наКонгрес СДСМ има статутуарна обврска иќе биде согласно роковите. На тој тој Конгрес ќе се потврди Централниот и Извршниот одбор. Јас неколку пати истакнав дека раководството на партијата е избрано пред само седум месеци. Има голем број на професионалци кои ја изградиле кариеста. Но ќе го искористам статутарното право, да номинирам членови на Централниот одбор и потоа да формираме Извршен и раководство кое на најдобар начин ќе ги спроведе мојата, партиската и Владината програма“, рече Ковачевски.

Како најсериозен кандидат за мандатар тој не даде прецизен одговор дали ќе има нови имиња во ресорите во Владата кои ги држи СДСМ но потенцираше дека очекува од Европската унија датум.

На крајот тој му се заблагодари на досегашниот престедател Зоран Заев кој пак беше меѓу првите кои му ја честитаа победата.

„Дозволете ми да му се заблагодарам на досегашниот претседател Зоран Заев. Не само што во својот мандат оствари многу значајни победи за СДСМ, туку со неговата храброст за решавање на проблеми и чувство на одговорност не мотивираше. Ги врати слободата и демократијата, го сруши режимот на Груевски, ја внесе државата во НАТО и не донесе пред портите на ЕУ. Тој ни остави аманет да го продолжиме патот по кој нема да отстапиме“, кажа Ковачевски.ж

На прес конференцијата говореа и двајцата кандидати Ременски и Депостовски. За Ременски е приорите обедиунувањето во партијата а Деспотовски нагласи дека продолѓува како обичен член во партијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG