Линкови за пристапност

Мицкоски реизбран за лидер на ВМРО - ДПМНЕ, партијата со нов политички концепт и доктрина


Мицкоски кој беше единствен кандидат доби убедливо мнозиство на гласови од присустните делегати на 17 Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ.Од 492 присутни за него гласаа 489 делегати. Три ливчиња беа неважечки. Првиот мандат Мицкоски го доби 2017 година на Валандовскиот конгрес и го наследи Груевски

СКОПЈЕ - „Благодарам на сите што ми дадоа поддршка на овој Конгрес. Благодарам за секоја дланка која ја стегнав овој ден“

Вака го почна своето обраќање старо новиот лидер на најголемата опозициска партија ВМРО - ДПМНЕ по официјализирањето на резултатите од гласањето на делегатите на 17 Конгрес каде тој речиси едногласно беше реизбран за лидер.

Тој најави нова политика и курс на партијата, односно „втора епоха во партијата“.

„Втората епоха е повик до секој поединец, за зграпчување на неговиот порив помагајќи си себеси, вградувајќи се себеси во политичкиот активизам да се вгради во напредокот на државата, така да помогне за сите нас. Втората епоха треба да донесе слобода во сите нејзини аспекти, слобода на креацијата, ослободување од стегите кои со децении го стегаат човека и неговиот потенцијал, слобода на мислата која треба да донесе нови ветришта на меѓусебна почит и разбирање, слобода во изборот на поединецот, издигнување над работите кои денес го ограничуваат нашиот потенцијал“, кажа Мискоцски од говорницата во салата „Јане Сандански“.

Мицкоски ја промовираше и новата доктрина на партијата со 17 точки по кои ВМРО-ДПМНЕ ќе се движи во наредните 4 години.


„Најавувам на овој 17-ти Конгрес нова политика, нов концепт на заедништво, наречен Нов договор! Ни треба нов општествен консезус на сите рамноправни чинители околу она што треба да претставува нов заеднички патриотизам. На Македонија ѝ треба нов договор кој ќе го оделотвори заедничкиот патриотизам низ ново одредување за она што претставува наша првенствена цел. Таквиот општествен договор кој ќе го понуди заедничкиот патриотизам е враќање на нашите надежи за тоа како требаше да изгледа државата во моментите кога се создаваше, како активна целина на рамноправни чинители, која ќе обезбеди праведен напредок и еднакви можности за сите, од која идеја длабоко низ овие 3 децении се застрани“, рече Мицкоски.

За таа цел тој кажа дека е подготвен да седне и да разговара со секој човек, партија или фактор во државата.

Тој ги повика своите сопартијци да го дадат максимумот бидејќи ништо помалку не заслужуваат граѓаните кои се уште имаат надеж и очекувања.

„Нè чека работа, нè чека многу работа. Нè чека борба! Народот има очекувања од нас и мора да ги оправдаме. Народот има надеж дека нешто ќе се промени. Мора да промениме. Народот верува дека може подобро, мора да биде подобро. И конечно, народот сака да види избор, опција на која ќе ѝ верува, ние сме таа алтернатива и мора да направиме сè за да бидат убедени дека можат да се потпрат на нас. Не смееме да разочараме, не смееме да потфрлиме, мора да успееме“, рече Мицкоски.

Целта на новиот курс на партијата е да се излезе од како што кажа „мочуриштето“ во кое живеат граѓаните.Намалување на корупцијата, едноцифрена невработеност, стабилизирање на економијата и раст од 6 отсто, да се запре иселувањето на универзитет во првите 500 според Шангајската листа, регулиран пазар за трговија со криптовалути и влез во Европската Унија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG