Линкови за пристапност

Германија бара сите медицински лица да бидат вакцинирани


Владата на новиот канцелар на Германија, Олаф Шолц, ја стави борбата против пандемијата приоритет

Германскиот Бундестаг - Долниот дом на парламентот – денес ја одобри мерката со која се бара вакцинирање на здравствените работници, што е прв чекор на новата влада на земјата да се бори против последниот наплив на ковид-19.

Мерката беше изгласана со 571 за и 80 против и се очекува да биде одобрена од Горниот дом на парламентот подоцна во текот на денешниот ден.

Законодавството, исто така, ќе донесе други ограничувања, како што се затворање барови и ресторани или забрана на големи настани, доколку стапката на инфекција стане превисока. Исто така, се проширува и листата за тоа, кој може да дава вакцини како што се ветеринарите, стоматолозите и фармацевтите.

Владата на новиот канцелар на Германија, Олаф Шолц, ја стави борбата против пандемијата приоритет. За поширок мандат на вакцината може да се расправа во парламентот во наредните недели.

Пред гласањето во Долниот дом во петокот, новиот германски министер за здравство Карл Лаутербах, епидемиолог, им рече на пратениците дека нема време за губење во заштитата на населението од пандемијата на коронавирусот.

Тој рече дека е неопходен мандат за вакцини за здравствените работници затоа што, како што гледа, „целосно е неприфатливо... по две години пандемија, луѓето кои ни ја довериле својата грижа да умираат непотребно во институциите бидејќи таму работат невакцинирани луѓе. ”

Законодавството ќе бара здравствените работници во болниците, лекарските ординации и домовите за стари лица да докажат дека се вакцинирани или дека се опоравиле од ковид-19 до средината на март.

Германскиот институт за заразни болести Роберт Кох (РКИ) објави дека заклучно со петокот, 69,4 отсто од населението во земјата се целосно вакцинирани.

Некои информации за овој извештај се обезбедени од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG