Линкови за пристапност

Барањата за невработеност во САД се намалија на 184 илјади, што е најниско од 1969-та година


ВАШИНГТОН (АП) - Бројот на Американци кои аплицирале за бенефиции за невработеност падна минатата недела на најниско ниво во последните 52 години, што е уште еден доказ дека пазарот на труд во САД се опоравува од минатогодишната рецесија на коронавирусот.

Побарувањата за невработеност се намалија за 43 илјади на 184 илјади минатата недела, што е најниско од септември 1969-та година, соопшти Одделот за труд во четвртокот.

Во март и април минатата година, работодавците отпуштија неверојатни 22,4 милиони работници.

Огромната владина помош и ширењето на вакцините помогнаа за заживување на економијата и на пазарот на труд, давајќи им на Американците доверба и финансиски средства да одат на пазарење, често преку Интернет. Од април минатата година, САД вратија речиси 18,5 милиони работни места. Но, економијата сè уште има 3,9 милиони работни места помалку од она што беше во февруари 2020-та година, додека изгледите за економијата остануваат се уште ранливи со појавата на новата варијанта на корона вирусот - омикрон.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG