Линкови за пристапност

НБА е најпребаруваниот термин во САД на Гугл за 2021-ва година


Додека во пребарувањата во 2020-та година доминираше пандемијата за ковид-19, во 2021-ва година најпребаруван филм беше Црната вдовица, а најбараниот музичар/бенд беше раперот Тревис Скот

Според денешната листа објавена од Гугл, „НБА“ е најпребаруваниот термин во САД, но не е јасно зошто.

Други најпребарувани теми беа раперот ДМ ИКС, кој почина; Габи Петито, жртва на убиство која почина за време на патување во крос-кантри со нејзиното момче Брајан Лаундри, кој исто така беше на најпребаруваната листа.

На списокот е и Кајл Ритенхаус, кој минатиот месец беше ослободен од обвинението за убиство на двајца демонстранти и ранување на трет за време на немирите во Кеноша, Висконсин, во 2020-та година.

Најпребарувана вест беше „мега милиони“ бидејќи луѓето беа љубопитни за џекпотот на лотарија со рекордна големина.

Најпребарувана личност е Кајл Ритенхаус, најпребаруван актер Алек Болдвин, кој учествуваше во немилиот настан со пукање на филмски сет, а најпребаруван спортист е Тајгер Вудс, кој беше тешко повреден во сообраќајна несреќа на почетокот на годината, изјавија од Гугл.

Најпребаруван филм беше Црната вдовица, а најбараниот музичар/бенд беше раперот Тревис Скот. Скот неодамна беше предмет на интерес бидејќи 10 луѓе беа убиени и стотици други ранети на еден од неговите концерти во ноември.

Додека во пребарувањата во 2020-та година доминираше пандемијата за ковид-19, таа едвај се регистрираше на овогодинешната листа. „Каде најблиску до мене можам да најдам вакцина за ковид“ беше најпопуларното пребарување „во моја близина“, заедно со „тестирање за ковид“ кое беше на второто место.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG