БЕРЛИН (АП) - Германскиот парламент го избра Олаф Шолц за деветти канцелар на Германија по Втората светска војна, отворајќи нова ера за најнаселената нација во Европската унија по 16-годишниот мандат на Ангела Меркел.
Владата на Шолц ја презема функцијата со големи надежи за модернизација на Германија и борба против климатските промени, но се соочува со непосреден предизвик да се справи со најтешката фаза на земјата досега од пандемијата на коронавирус.
Шолц денеска ја доби поддршката од 395 пратеници. Неговата трипартиска коалиција има 416 места во Долниот дом на парламентот со 736 места.
Шолц официјално беше именуван за канцелар од германскиот претседател и треба да положи заклетва од претседателот на парламентот подоцна во текот на денешниот ден.
Facebook Forum