Линкови за пристапност

Осумдесет години од Перл Харбор


USS Oklahoma in Pearl Harbor, Oahu, Hawaii, Dec. 7, 1941
USS Oklahoma in Pearl Harbor, Oahu, Hawaii, Dec. 7, 1941

САД ја одбележија годишнината од ненадејниот напад врз американската Пацифичка флота,  во кој загинаа повеќе од 2.400 војници и цивили, беа ранети околу 1.000 луѓе и беа оштетени или уништени речиси 20 бродови и повеќе од 300 авиони за помалку од два часа.

„7-ми декември, датум кoj ќе остане запаметен по лошо“, вака тогашниот претседател на САД, Френклин Рузвелт го опиша нападот од Јапонија во 1941 година, на Перл Харбор, американска поморска база во близина во Хонолулу, на Хаваите.

Во вторник се одбележува 80-годишнината од ненадејниот напад врз американската Пацифичка флота во кој загинаа повеќе од 2.400 војници и цивили, беа ранети околу 1.000 луѓе и беа оштетени или уништени речиси 20 бродови и повеќе од 300 авиони за помалку од два часа.

Следниот ден, Рузвелт побара од Конгресот да ѝ објави војна на Јапонија, а пратениците го одобрија потегот.

Само три дена подоцна, Германија и Италија, сојузниците на Јапонија, објавија војна на САД. САД возвратија, влегувајќи во Втората светска војна, која беснееше во Европа повеќе од две години.

Околу 150 ветерани од Втората светска војна, вклучително и околу 40 преживеани од нападот на Перл Харбор, присуствуваа на церемонијата на сеќавање во вторникот, кај Националниот споменик Перл Харбор, на Хаваите. 80-та Национална комеморација на Денот на сеќавањето на Перл Харбор вклучи минута на молчење во 7:55 часот, точното време кога започна нападот.

Американскиот претседател Џо Бајден, придружуван од првата дама Џил Бајден, рано во вторникот положи венец на споменикот на Втората светска војна на Националното шеталиште во Вашингтон.

„Додека го одбележуваме националниот Ден на сеќавање на Перл Харбор“, напиша претседателот на Твитер, „ние им оддаваме чест на патриотите кои загинаа, ја одбележуваме храброста на сите оние кои ја бранеа нашата нација и повторно се обврзуваме да го чуваме мирот што донесе подобра иднина за светот.“

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин истакна дека „преживеаните од Перл Харбор се се помалку со секоја измината година. Но, сеќавањето на нивниот херојство - и нашата благодарност - сè уште свети.“

„Остануваме посветени на одбраната на слободниот и отворен Индо-Пацифик што го изградија овие херои. И ние остануваме посветени на одржување на меѓународниот поредок заснован на правила што тие го создадоа, поредок кој извлече милијарди луѓе од сиромаштија и го направи светот попросперитетно место -- не само за народот на една нација, туку и за луѓето ширум светот“, рече Остин во изјавата по повод 80-годишнината од нападот.

Комеморацијата на Хаваите се одржува со лично присуство за прв пат од 2019 година. Минатогодишниот настан беше виртуелен поради пандемијата на коронавирус. Овогодинешниот настан беше пренесуван во живо.

Преживеаните од нападот на Перл Харбор сега се во доцните 90-ти години или постари.

Исто така во вторникот, американската армија повторно ги погреба посмртните останки на услужниот персонал, убиени кога УСС Оклахома беше нападнат во Перл Харбор, на Националните меморијални гробишта на Пацификот во Хонолулу, по долгогодишен проект за идентификација на нивните останки. .

Проектот на Пентагон идентификуваше речиси 400 припадници на службата од бродот со помош на ДНК технологија и стоматолошки записи, оставајќи ги останките на само 33 лица од бродот неидентификувани поединечно, според Вашингтон пост.

Оклахома беше потоната за време на нападот, кој го извршија јапонски сили во кои беа вклучени 353 авиони, 35 подморници, два воени брода и 11 разурнувачи, се вели во извештајот на САД.

XS
SM
MD
LG