СКОПЈЕ – Последниот четври бран на епидемијата на коронавирусот ја губи силата а тоа го покажува неделната анализа на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) според кој бројките на заболени и на позитивни тестови се во пад.
Во периодот од 29 ноември до 5 декември регистрирани се 2.275 новозаболени во 35 града низ државата што е за 17 отсто помалку споредено со неделата претходно. Најголем број на новозаболени се во Скопје , точно илјада а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 324 заболени на 100 илјади жители.
„Се забележува намалување на инциденцата во 25 градови во државата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, со најзабележително намалување во Демир Капија. Во 10 градови се забележува зголемување на инциденцата во последните 14 дена. Р0 се движи од 0,60 во Демир Хисар до 1,69 во Гостивар“, информираат од ИЈЗ.
Процентот на позитивни тестови се движи од 7,8 отсто до 19,0отстоили во просек 13,1 отсто.
Повторно најчесто на удар се граѓаните над 60 годишна возраст и во оваа категорија има 521 новозаболен или 22,9 отсто од вкупниот број на случаи регистрирани минатата недела.
Во текот на мината недела вкупно се пријавени 40 реинфекции што е за 9,1 отсто помалку споредено со неделата претходно.
„Според извештаите од болниците моментално се хоспитализирани 461 лица, 4,1отсто повеќе во споредба со претходна недела, а од нив 228 се на кислородна поддршка (27,8% помалку во споредба со претходна недела) и 13 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација што е за 30 отсто повеќе во споредба со претходна недела“, стои во изјштајот на ИЈЗ.
Минатата недела како последица на компликации предизвикани од коронавирусот починаа 68 пациенти. Најголем број од нив се од Скопје – 27 а најмногу се лица над 60 годишна возраст.
Од почетокот на епидемијата 7.658 ја загубија битката со вирусот меѓу кои се седум бремени жени и 36 здравствени работници.
„Од смртните случаи, 517 (6,8%) починале во вонболнички, а 7.141 (93,2%) во хоспитални услови“, информираат од ИЈЗ.
Процесот на вакцинација тече со намалено темпо. Досега 845.282 лица се вакцинирани барем една доза на вакцина а комплетно со две дози вакцина се вакцинирани 806.135 лица или 39 отсто од вкушното население во државата. Трета или „бустер“ доза досега ја примиле 79.013 граѓани.
Facebook Forum