Американската администрација сака што е можно побрзо да ја види Северна Македонија во процесот на преговори со Европската унија што треба да финишира со полноправно членство. Ова е пораката на Вашингтон која во Скопје ја пренесе Габриел Ескобар, одговорниот за Западен Балкан во Стејт депратментот. Односите меѓу двете земји, според него, не се само обично партнерство, туку пријателство и сојузништво.
„Сакам да ја изразам силната поддршка на оваа американска администрација за брза европска интеграција на Северна Македонија и ние соработуваме со нашите европски партнери за да се осигураме тоа да се случи многу брзо. Сите се согласуваме дека Северна Македонија е дел од Европа, културно, историски и економски дел од Европа и треба да имате столче на масата на ЕУ. Ќе продолжиме да ги поддржуваме вашите напори за да се покаже флексибилност во процесот на европски интеграции, како и продолжување на рефомскиот процес за тоа да стане реалнос“, изјави заменик помошникот државен секретар за Европа и Евроазија, Габриел Ескобар.
Откако ја даде изјавата, поради другите средби со државно-владиниот врв, Ескобар замина од МНР без да одговара на дополнителни прашања.
Најавената прес-конференција Бујар Османи ја продолжи сам. Повтори дека земјава останува,како што рече, посветен и кредибилен сојзуник на САД со кои Скопје, според него, има 100 проценти комплементарни интереси – стабилност и просперитет на регионот, а не враќање на политиките од 90-тите години на минатиот век.
„САД се активно и посветено ангажирани за побрзо да се изнајде решение со Софија бидејќи е од нивни стратешки интерес Република Северна Македонија да ги почне преговорите и целиот регион да биде дел од ЕУ. 05.30 САД биле со нас и не поддржувале и во добро и во лошо. Во моменти на големи искушенија и кризи ни помогнале да останеме на вистинскиот пат посветени на нашите заеднички евроатлантски вредности. Тоа не беше секогаш лесно, ама секогаш беше неопходно да се продолжи напред и покрај различните предизвици и проблеми. Охридскиот рамковен договор и договорите со Бугарија и Грција се наш успех и заедничка вредност за сите. Ги постигнавме тоа зашто секогаш ја имавме поддршката од нашите партнери на прво место САД“, изјави министерот за надворешни работи, Бујар Османи.
Османи не сакаше да зборува за тоа дали Ескобар ќе има средби во Бугарија – рече дека од него слушнал сериозна посветеност и проактивност на САД за Северна Македонија и Албанија да ги почнат преговорите со Унијата. Потврди дека разговорите со Софија продолжуваат, но и дека е мала веројатноста да има решение до идниот вторник кога заседава Советот за општи работи на ЕУ. „Декември се уште ни е таргет, но и периодот потоа“, вели Османи.
Facebook Forum