Линкови за пристапност

Бајден најверојатно ќе ги бојкотира Зимски олимписки игри во Пекинг


Американските медиуми велат дека се очекува администрацијата на Бајден да објави дипломатски бојкот на претстојните Зимски олимписки игри во Пекинг во 2022-ра година оваа недела.

Дипломатскиот бојкот значи дека ниеден американски функционер нема да присуствува на какви било настани на игрите во Пекинг, додека ќе им биде дозволено на спортистите од тимот на САД да учествуваат на истите. Со тоа ќе се избегне повторувањето од 1980-тата година, кога тогашниот претседател Џими Картер ги спречи американските спортисти да присуствуваат на Летните игри во Москва поради инвазијата на Советскиот Сојуз во Авганистан кон крајот на 1979-та година.

Си-Ен-Ен прв ја објави ваквата објава.

Претседателот Џо Бајден беше под огромен притисок од конгресмените да објави бојкот поради кршењето на човековите права во Кина, вклучително и притворањето на милиони муслимански Ујгури во провинцијата Ксинџијанг и задушувањето на продемократските сили во Хонг Конг.

Бајден минатиот месец изјави дека размислува за дипломатски бојкот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG