Линкови за пристапност

Алтернатива влегува во Владата


Две министерства и тројца заменици министри, неофицијално, е понудата за Алтернатива. Кои точно ресори ќе ги раководи Алтернатива ќе биде договорено и соопштено по утрешната средба меѓу лидерот Гаши и премиерот Заев. Алтернатива ќе бара меѓународна истрага за случаите „Монструм“, Диво Насеље“...

СКОПЈЕ - Алтернатива повтроно се враќа во Владата, која ја напушти пред минатогодишните парламентарни избори, а нејзините четири пратеника во Собранието ќе бидат дел од парламентарното мнозинство кое сега ќе брои најмалку 64 пратеници. Одлуката ја донесе највисокото партиско тело Централниот совет, кој вечерва заседаваше во седиштето во Тетово.

Од Алтернатива соопштија дека влегуваат во Владата за да не се испушти историскиот момент за отворање на преговорите за членство во ЕУ и затворање на спорот со Бугарија како цели на државата, но и на Албанците затоа што со тоа ќе се отвори патот за евтоинтеграција на целиот регион.

„Дополнително се договоривме Владата да бара меѓународна истрага за случаите каде што има сомнежи за политичка импликација како што се „Монструм“, „Диво насеље“, „Алмир Алиу“. Договоривме и точки кои се однесуваат на рамномерниот регионален развој, економски развој на Липковско, заштита на семејството како јадро на општеството што е наша основна програмска дефиниција, но и заштита на цената на струјата која е исклучително важна во ова време. Сметаме дека постигнувањето на овие договори е голема победа за нашата држава, за Албанците во Северна Македонија и пошироко, но и партиска победа на Алтернатива“, изјави Орхан Муртезани, портпарол на Алтернатива.

Со влегувањето во Владата, посочи партискиот портпарол, Алтернатива докажа дека е клучот за решавање на кризата, а не само декор со четворица пратениците, и таа ќе преземе и важни одговорности.

„ Ние ќе преземеме значајни обврски од областа на здравството, борбата против криминалот и корупцијата, енергетиката, организацијата на дијаспората, но и образованието, културата и подигнувањето на квалитетот на животот на граѓаните, поддршка на економскиот живот на сите граѓани на државата“, рече Муртезани.

Неофицијално Aлтернатива ќе добие две министерства, здравство и информатичко општество како и три заменици министри и неколлку клучни директорски места. Сепак сите детали околку ресорите и кадровските решенија на Алтернатива ќе ги соопштат лидерот Африм Гаши и премиерот во оставка Зоран Заев, по средбата која ќе се одржи утре во Клубот на пратеници.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG