Линкови за пристапност

Пристигнаа посмртните останки на 45-те загинати од автобуската несреќа во Бугарија


Пристигнаа посмртните останки на 45-те загинати во автобускат несреќа
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:03 0:00

На скопскиот аеродром слетаа два бугарски воени транспортери со посмртните останки на 45-те загинати во минатонеделната автобуска несреќа на автопатот „Струма“ кај Перник.

На аеродромот беше организирана церемонија на која присуствуваше речиси комплетниот државно-владини врв - претседателот Пендаровски, спикерот Џафери, премиерот Заев, првиот вицепремиер Груби, министрите Османи, Бесими, Бектеши, Шахпаска пратеници, поглаварот на Исламската верска заедница, како и членови на семејствата...

Телата од авионите беа префрлени во возила кои потоа ги пренесоа до семејствата. Токму на нивно барање беше откажана поворката за која првично беше планирано да помине низ центарот на Скопје.

На плоштадот „Скендербег“ беа поставени венци пред кои граѓаните им оддадаваа почит на загинатите во автобуската несреќа во Бугарија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG