Линкови за пристапност

Димитар Ковачевски и Фросина Ременски кандидати за претседател на СДСМ


Двајца кандидати за лидер на СДСМ
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:50 0:00

Постапката за кандидирање за иден претседател на СДСМ, кој се очекува да биде и мандатор за состав на влада, ќе трае до задутре

Досега се официјализираа двајца кандидати за наследници на партискиот престол на Зоран Заев откако актуелниот лидер го најави повлекувањето од претседателската функција на СДСМ. И двајцата претенденти – Димитар Ковачевски и Фросина Ременски ги поднесоа кандидатурите во ист ден, со неколку часа разлика еден од друг. Прва во партиското седиште се појави Ременски - поранешна потпретседателка на партијата која сега не е дел од раководство вели дека се решила на ваков чекор имајќи го предвид нејзиниот досегашен партиски и политички ангажман. Уверува дека има визија за Социјалдемократскиот сојуз во идниот период.

„Мојата визија за СДСМ во следните 5 години е победник во сите процеси и само така, со таква визија и стратегија, може да се постигне максимум во партиско организирање, а со оглед на тоа што партијата е владејачка да направи се што не направила“, рече кандидатката за претседател на СДСМ, Фросина Ременски.

Не мисли дека Ковачевски е фаворит. Ременски, која е обвинета за предметот „Меѓународен сојуз“, не одговори дали ќе биде дел од идното партиско раководство ако не победи во трката за лидер. Нејзиниот ривал, актуелниот заменик-министер за финансии Кoвачевски со кандидатурата ја приложил и неговата програма која ја насловил „Заедно, одговорно и посветено“.

„Програмата се базира на три основни столба, а тоа се: социјалдемократска визија – јасни социјалдемократски вредности од кои извираат принципите, вредностите на работењето и резултатите од него; економски раст односно посветеност кон економските политики и зголемување на животниот стандард на граѓаните; трето е фер шанса и јасен и правичен систем со одговорности во кој најдобрите ја добиваат одговорноста и шансата за унапредување на системот и исполнување на сите проекти кои се ветени пред граѓаните“, изјави кандидатот за претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Најави дека враќањето на единството во партијата ќе му биде една од основните заложби. Негира дека неговото кандидирање е директно поддржано од лидерот во оставка Заев – вели дека ако биде избран ќе го потврдел својот личен интегритет во работата. Но, фактот дека Заев го избра токму него да го придружува на разговорите за влез на Алтернатива во владата се толкува како јасен сигнал кого актуелниот лидер сака да види за негов наследник.

Постапката за кандидирање за иден претседател на СДСМ, кој се очекува да биде и мандатор за состав на влада, ќе трае до задутре. Потоа ќе следи затворање на избирачкиот список по што, на 12 декември, ќе се одржат вонредните директни избори за нов претседател на СДСМ.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG