Американскиот претседател Џо Бајден денес го посети техничкиот колеџ во Минесота за да го образложи неговиот неодамна одобрен закон за инфраструктура од еден трилион долари, за која администрацијата вели дека ќе обучи милиони Американци „за работни места со повисок раст во иднина“.
Ова е прва посета на Бајден на Минесота позната како „Земја на 10 илјади езера“ откако беше избран за претседател. На посетата во Техничкиот колеџ во округот Дакота во Розмаунт, Минесота, Бајден ќе разговара со студентите за законодавството и како тоа влијае на нив.
„Повеќето работни места поддржани од бипартискиот предлог-закон за инфраструктура на претседателот нема да имаат потреба од четиригодишна факултетска диплома“, рече портпаролката на Белата куќа Џен Псаки во понеделникот, пред патувањето. „Програмите обезбедени од заедницата и техничките колеџи како Техничкиот колеџ во округот Дакота ќе обезбедат обука и развој на вештини потребни за да им помогнат на работниците да пристапат до создадените работни места“.
Белата куќа проценува дека според новиот закон, Минесота ќе добие 4,5 милијарди долари за автопати со федерална помош; 302 милиони долари за мостови; 818 милиони долари за јавен превоз; 680 милиони долари за подобрување на инфраструктурата за вода и 100 милиони долари кои имаат за цел да го покријат секој жител со брз интернет.
Нацрт-законот, исто така, ќе обезбеди околу 68 милиони долари за проширување на државната мрежа за полнење електрични возила, а Минесота ќе добие дел од 50 милијарди долари во сметката наменети за зајакнување на инфраструктурата против влијанијата на климатските промени.
Facebook Forum