Линкови за пристапност

Омикрон вирусот веќе бил присутен во западна Европа пред да се појави во јужна Африка


Властите во Холандија во вторникот соопштија дека ја откриле варијантата во тест примероци уште на 19-ти ноември - цела недела пред позитивните случаи откриени

Новите докази открија дека омикрон варијантата на коронавирусот веќе била присутна во западна Европа многу пред да бидат официјално идентификувани првите случаи во јужна Африка.

Властите во Холандија во вторникот соопштија дека ја откриле варијантата во тест примероци уште на 19-ти ноември - цела недела пред позитивните случаи откриени минатиот петок меѓу патниците кои пристигнале во Амстердам со лет од Јужна Африка.

Здравствените власти во Јапонија и Франција, исто така, ги потврдија своите први случаи на омикрон во вторникот, приклучувајќи се на растечката листа на нации, вклучувајќи ги Велика Британија, Канада, Шкотска, Австралија, Австрија, Шпанија и Шведска.

Појавата и брзото ширење на омикрон го натера Стефан Бансел, главен извршен директор на фармацевтскиот гигант Модерна, да предупреди во вторникот во интервју за Фајненшл тајмс дека постојните вакцини за ковид-19 во светот може да бидат помалку ефикасни против новата варијанта во споредба со делта и други претходни варијанти.

Предвидувањето на Бансел за „материјален пад“ на ефикасноста на вакцините -- вклучително и онаа развиена од Модерна, доведе до пад на глобалните финансиски пазари во вторникот.

Но, научниците од Универзитетот во Оксфорд, кои развија вакцина со две дози во соработка со производителот на лекови Астра Зенека, во вторникот објавија изјава во која велат дека сегашните вакцини „продолжија да обезбедуваат многу високи нивоа на заштита од тешки болести и досега нема докази дека омикрон е поинаков“. Во соопштението, исто така, се вели дека доколку е потребно, ги има „алатките и процесите за брз развој на ажурирана вакцина против ковид-19“.

Во Соединетите Американски Држави, Центрите за контрола и превенција на болести претходно одобриле дополнителни или бустер вакцини за сите возрасни, но ги препорачале само за оние на возраст од 50 години и постари или оние кои биле изложени на висок ризик за болеста.

Британската влада ја прошири подобноста за засилување на лицата на возраст меѓу 18 и 39 години, откако претходно го нудеше само на оние над 40 години или со висок ризик за болеста.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG