Линкови за пристапност

Договор до петок или владата на САД ќе се соочи со затворање


Американските законодавци работат на одобрување на годишниот нацрт-закон за трошоци за одбрана познат како Закон за овластување за национална одбрана пред крајот на годината

На американските законодавци им претстои напорен месец бидејќи се соочуваат со рокови за големиот буџетски и одбранбен план, за она што демократите се надеваат дека ќе бидат одобрени два трилиони долари за програмите за здравствена заштита, климатски промени и семејни услуги.

Најитните прашања за Конгресот е финансирањето на федералната влада. Претходниот договор за прекин на работата кон крајот на септември им овозможи на владините агенции да продолжат да работат до 3-ти декември, но тоа значи дека до петок треба да има нов договор за да се избегне затворање на владата.

Набргу потоа, Конгресот ќе треба да го реши лимитот на долгот со тоа што ќе го подигне сегашното ниво или ќе го суспендира ограничувањето за тоа колку долгови смее да издаде Одделот за финансии. Без никакво дејство, владата ќе мора да ги одложи плаќањата или дури и да не исполни некои од своите должнички обврски, со потенцијални компликации за финансиските пазари и глобалната економија.

Тешко е да се одреди точниот датум на рокот за ограничување на долгот, бидејќи вклучува балансирање на обврските за трошење на владата со протокот на пари во Трезорот. Но, секретарката за финансии Џенет Јелен рече дека границата на долгот може да се достигне до 15-ти декември.

Американските законодавци, исто така, работат на одобрување на годишниот нацрт-закон за трошоци за одбрана познат како Закон за овластување за национална одбрана пред крајот на годината. Мерката, која одобрува средства за Одделот за одбрана и ги одредува политиките на Пентагон, има долга историја на зближување на демократите и републиканците, која се одобрува секоја година од 1961-вата година. Годинешната верзија има цена од околу 768 милијарди долари.

Демократите, исто така, се надеваат дека ќе добијат една од главните политички иницијативи на претседателот Џо Бајден преку Конгресот во следните недели со тоа што ќе добијат одобрение од Сенатот за програмата од два трилиони американски долари што вклучува ставки како што се даночен кредит за деца, помош за домување, стимулации за борба против климатските промени и ограничување на трошоците за лекови на рецепт.

Претставничкиот дом предводен од демократите го одобри пакетот без гласовите на ниту еден републиканец. Мерката се соочува со поголема неизвесност во Сенатот, каде што демократите имаат уште послабо мнозинство.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG