Линкови за пристапност

Двајца од патниците пуштени на домашно лекување, тројца други ќе пристигнат од Бугарија


Повредените од несреќата се враќаат назад во државата
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

До крајот на неделата се очекува во земјава да пристигнат телата на 45-те загинати патници, процес што ќе го организира државата

Денеска од скопскиот клинички центар заминуваат двајцата повредени патници во минатонеделната стравична автобуска несреќа. Лекарскиот тим проценил дека двете лица кои во саботата беа транспортирани од Софија во Скопје се доволно закрепнати за да бидат пуштени на домашно лекување. Најавено е дека уште тројца од вкупно седумтемина хоспитализирани до крајот на денот, со болнички транспорт, ќе пристигнат од Бугарија.

„Тројцата, иницијално, ќе бидат задржани на Клиниката за пластична хирургија. Тие добро се чувствуваат сите, кои во овој момент се таму вклучувајќи ги и овие тројца, значи тие може да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент кој веќе почна да се движи“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

До крајот на неделата се очекува во земјава да пристигнат телата на 45-те загинати патници, процес што ќе го организира државата. Во Бугарија во тек е нивна идентификација откако викендов тимот бугарски обвинители ги презеде ДНК профилите од роднините на загинатите, записниците од изјавите на сведоците сослушани од Обвинителството како и предметот оформен во Министерството за транспорт и врски за лиценцата на „Беса Транс“, превозникот чиј автобус се запали во Бугарија. Опозицијата бара одговори за несреќата од домашните надлежни институции.

Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кои не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс?“, рече портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Седиштето на „Беса транс“ беше запечатено откако беше утврдено дека фирмата прекршила низа процедури кои беа откриени по несреќата што се случи минатиот вторник близу Перник. Автобусот иако немал лиценца за меѓународен транспорт, од 2020 досега повеќе од 130 пати ја поминал државната граница.

Денеска од скопскиот клинички центар заминуваат двајцата повредени патници во минатонеделната стравична автобуска несреќа. Лекарскиот тим проценил дека двете лица кои во саботата беа транспортирани од Софија во Скопје се доволно закрепнати за да бидат пуштени на домашно лекување. Најавено е дека уште тројца од вкупно седумтемина хоспитализирани до крајот на денот, со болнички транспорт, ќе пристигнат од Бугарија.

„Тројцата, иницијално, ќе бидат задржани на Клиниката за пластична хирургија. Тие добро се чувствуваат сите, кои во овој момент се таму вклучувајќи ги и овие тројца, значи тие може да издржат транспорт. Добро се чувствува и оперираниот пациент кој веќе почна да се движи“, додаде Филипче.

До крајот на неделата се очекува во земјава да пристигнат телата на 45-те загинати патници, процес што ќе го организира државата. Во Бугарија во тек е нивна идентификација откако викендов тимот бугарски обвинители ги презеде ДНК профилите од роднините на загинатите, записниците од изјавите на сведоците сослушани од Обвинителството како и предметот оформен во Министерството за транспорт и врски за лиценцата на „Беса Транс“, превозникот чиј автобус се запали во Бугарија. Опозицијата бара одговори за несреќата од домашните надлежни институции.

Јавноста се уште нема добиено одговори на прашањата кои се од јавен интерес, кои не засегаат сите нас, а обврска на власта е да даде одговори. Јавноста заслужува да го добие одговорот на прашањето колку пати досега МВР пријавила недостатоци преку службени белешки до Инспекторатот за автобусите на Беса Транс и зошто инспекторатот не направил вонреден инспекциски надзор на Беса Транс?“, додаде Митрева.

Седиштето на „Беса транс“ беше запечатено откако беше утврдено дека фирмата прекршила низа процедури кои беа откриени по несреќата што се случи минатиот вторник близу Перник. Автобусот иако немал лиценца за меѓународен транспорт, од 2020 досега повеќе од 130 пати ја поминал државната граница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG