Линкови за пристапност

Зголемен бројот на патувања за Денот на благодарноста во САД како пред пандемијата


Проценките се дека 48.3 милиони луѓе патуваат најмалку 50 милји од дома за време на празниците, што е за 4 милиони повеќе од лани

За милиони Американци Денот на благодарноста е празник кога семејството се собира, а оваа година изгледа традицијата уште повеќе доби на значење по апстиненција заради пандемијата.

Со автомобили по патиштата или со полни авиони - бројот на оние што патуваат се очекува да биде како пред Ковид или поголем. Проценките се дека 48.3 милиони луѓе патуваат најмалку 50 милји од дома за време на празниците, што е за 4 милиони повеќе од лани и покрај високите цени на бензинот.

За многумина охрабрување е што речиси 200 милиони луѓе во САД целосно вакцинирани, но тоа значи непридавање важност на во просек 100 илјади нови инфекции на ден.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG