Линкови за пристапност

Регулаторот за лекови на ЕУ ја одобри вакцината за деца од 5 до 11 години


Десетици милиони деца од оваа возрасна група ќе имаат право на вакцинација во ЕУ

(Ројтерс) - Регулаторот за лекови на Европската унија во четвртокот ја одобри употребата на вакцината за ковид-19 на Фајзер за деца на возраст меѓу 5 и 11 години.

Вакцината, која се нарекува Comirnaty, ќе се дава во две дози од по 10 микрограми со разлика од три недели како инјекција во надлактицата, препорача Европската агенција за лекови (ЕМА). Дозите за возрасни содржат 30 микрограми.

„Придобивките од Comirnaty кај деца на возраст од 5 до 11 години ги надминуваат ризиците, особено кај оние со состојби кои го зголемуваат ризикот од тежок облик на болеста“, соопшти ЕМА.

Компаниите соопштија дека нивната вакцина покажала 90,7 отсто ефикасност против коронавирусот во клиничко испитување на деца на возраст од 5 до 11 години.

Вакцината на Фајзер претходно беше одобрена за употреба во Европската унија кај тинејџери меѓу 12 и 17 години од мај. Иако конечното одобрување зависи од Европската комисија, тоа обично ги следи препораките на ЕМА.

Претходно оваа недела, германскиот министер за здравство во заминување Јенс Шпан рече дека испораките на педијатриската верзија со ниски дози низ ЕУ ќе започнат дури на 20-ти декември.

Блокот се приклучува на растечкиот број земји, вклучително и Соединетите Американски Држави, Канада, Израел, Кина и Саудиска Арабија.

Десетици милиони деца од оваа возрасна група ќе имаат право на вакцинација во ЕУ.

За педијатриски вакцини, американскиот регулатор одобри нова верзија на вакцината, која користи нов пуфер и им овозможува да се чуваат во фрижидер до 10 недели.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG