Линкови за пристапност

Стружанец дели бесплатни топли оброци до социјално ранливите категории


Бесплатен оброк за бездомници во Струга
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:08 0:00

По повод Денот на благодарноста во САД, Американското катче од Струга, ја подржува оваа иницијатива со педесет оброци

„Имам две компании со кои соработувам и храната ми остануваше, па ја фрлавме и така дојдов до идеја, да го давам оброкот на некој што навистина му е потребен“, рече Никола Петрески, иницијатор на „Достава на храна“ од Струга.

Никола Петрески од Струга, три пати неделно дели бесплатен топол оброк на лица од социјално ранливите категории во градот. Иако иницијативата е на самиот почеток, вели дека од ден на ден се зголемува бројот на негови сограѓани кои имаат потреба од храна.

„Им приготвувам топли оброци, манџи, ориз со пилешко, компир манџа... Она што е наше традиционално јадење. Јас сакам сето тоа да дојде како некоја зрелост во луѓето, да им помагаат на луѓето, да помагаат на другите. Во првиот месец фрлав отприлика околу 6-7 килограми на храна“, додава тој.

Меѓу оние кои подигнаа топол оброк беше и Јован, кој повеќе од шест години живее како бездомник. На улица останал откако двете претпријатија каде што работел ги затвориле.

„Првпат доаѓам овде, за еден ручек, за едно јадење. Но, најголем проблем ми е за спиење. Преживувам, просам за да преживеам и за да се облечам, да јадам, за превоз, за лекови... Немам никакви приходи. Се обратив по установите во Охрид и Скопје, но чаре не најдовме“, вели Јован.

Никола сака на неговата идеја да се приклучат и останатите угостителски објекти во Струга, храната која останува наместо да се фрла, да завршува онаму каде е најпотребна.

„Понеделник, среда и петок ја имам иницијативата. Доколку има заинтересораност и од некои ресторани, како што рековте вие, би можело да има оброци и во вторник, четврток и сабота“, вели тој.

По повод Денот на благодарноста во САД, Американското катче од Струга, ја подржува оваа иницијатива со педесет оброци. Од таму, апелираат до сите оние кои се во можност да отпочнат или поддржат општествено-корисни акции, да земат поактивно учество во заедницата, со цел подобрување на условите за живот на сите граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG