Линкови за пристапност

Рекордно намалување на невработеноста во САД


Работодавците во САД додадоа 531 илјади работни места во октомври, што е најголема месечна добивка во последните три месеци, а стапката на невработеност се намали на 4,6 проценти

Побарувањата за компензација за невработеноста во САД за првпат драстично се намалија минатата недела, паѓајќи под бројката забележана од почетокот на пандемијата што ја уништи американската економија во последните 20 месеци, објави Одделот за труд.

Вкупно 199 илјади невработени работници поднеле барање за помош минатата недела, што е за 71 илјада помалку од ревидираната бројка од претходната недела и најниска регистрирана бројка од ноември 1969-та година, соопшти владата. Новата неделна бројка беше исто така далеку под вкупниот број 256 илјади во средината на март минатата година, кога пандемијата првпат ја зафати земјата и работодавците почнаа да отпуштаат работници.

Новата бројка беше показател дека американската економија, најголемата во светот, останува на пат за опоравување од најлошите економски ефекти од пандемијата.

Напредокот се случува дури и кога претседателот Џо Бајден и креаторите на политиката во Вашингтон, заедно со потрошувачите, изразија загриженост за најголемото зголемување на потрошувачките цени во последните три децении и проблемите со синџирот на снабдување што ја скратија испораката на некои производи до полиците на продавниците на мало.

Намалувањето на бројот на барања за бенефиции за невработеност покажува дека многу работодавци се држат до своите работници иако милиони се откажаа од работа за да се преселат во други компании кои нудат повисоки плати и повеќе бенефиции.

Работодавците во САД додадоа 531 илјади работни места во октомври, што е најголема месечна добивка во последните три месеци, а стапката на невработеност се намали на 4,6 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG