Линкови за пристапност

Трагедија во Бугарија: Загинаа 45 македонски државјани, меѓу нив 12 се деца


Тие патувале со автобус кој излетал од автопатот Софија - Благоевград и се запалил. Грешка на возачот или техничка неисправност се можните причини. Премиерот Заев со министрите Османи и Филипче се упатија кон местото на трагедијата

БУГАРИЈА - 46 македонски државјани утрово настрадаа во страшна трагедија која се случи на автопат во Бугарија, на триесетина километри од Софија, кога автобус во кој се превезувале 53 македонски државјани излетал од автопатот се превртел и запалил. Меѓу жртвите се 12 деца и двајца близнаци. Воачот исто така е меѓу жртвите. Седум патници се преживеани и во теѓка состојвба со сериозни изгореници се пренесени во болницата „Пригов“ во Софија. Најмалдиот преживеан има сам 15 години.

„Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се“, изјави бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков кој е на местото на несреќата заедно со бургарскиот премиер Стефан Јанев.

Трагедијата се случи околу 3 часот наутро кај селото Бошнек на автопатот Струма меѓу Перник и Дупница, на 31 километар југозападно од Софија

Според првичните инфромации, автобусот бил дел од поголем група од четири автобуси кои неколку часа претходно влегле во Бугарија од Турција преку граничниот премин „Капитан Андреево“. Според неофицијаланите информации се враќале од Истанбул и требало да влезат во Македонија преку граничниот премин „Ѓуешево - Деве Баир“ кај Крива Паланка.

„Веројатно се работи за техничка неисправност, пред тоа има дупната гума“, изјави за БТВ Николај Николов, началник на Генералната дирекција за противпожарна безбедност и заштита на населението при МВР.

Бугарскиот претседател Румен Радев и привремениот премиер Стефан Јанев телефонски разговарале со македонскиот премиер Зоран Заев, кој веднаш заедно со министерот за здравство Венко Филипче и со шефот на дипломатијата Бујар Османи заминаа за Бугарија.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG