Линкови за пристапност

Американско – македонски проект за медиумска писменост


Американско – македонски проект за медиумска писменост
please wait

No media source currently available

0:00 0:00:42 0:00

УСАИД во соработка со ИРЕКС и Македонскиот институт за медиуми го презентираше проектот за медиумска писменост „Младите размислуваат“. Фокус ќе бидат младите генерации, а целта, според УСАИД, е тие да се поттикнат да станат одговорни и активни граѓани, кои ќе знаат како да се спротивстават на влијанието на дезинформациите.

„Во целиот свет дигиталните и печатените медиуми се контаминирани од сериозно манипулативни содржини. Дигиталните содржини, во голема мерка, се под доминација на информации кои, најчесто, не се верификувани, се сензационалистички или се поддржани од политички или бизнис интереси. Таквите дезинформации имаат негативно влијание врз довербата на граѓаните во медиумите. Во изминатите 3 децении американската амбасада во Северна Македонија ги поддржувала независните и професионалните медиуми – помогнавме во подигањето на етичките стандарди и норми, подобрувајќи го квалитетот на новинарството и медиумската продукција. Но, треба да се фокусираме и на публиката, а тоа се корисниците на медиумските содржини и токму тоа го правиме со проектот ‘Младите размислуваат’“ изјави Кејт Брнз, амбасадорка на САД во Северна Македонија.

XS
SM
MD
LG