Линкови за пристапност

Заев и Гаши продолжуваат со разговори следната недела


Викендов во двете партии ќе се дискутира за она што се разговараше на денешната средба а одлуката треба да ја донесат партиските тела. Гаши потврди дека разговарал и со лидерите на опозициските партии Мицкоски и Села. Заев најави дека во вторник ја активира оставката во СДСМ

СКОПЈЕ - По три часа разговори нема договор меѓу СДСМ и Алтернатива за евентуална коалиција во Владата. Двајцата партиски лидери, Зоран Заев и Африм Гаши, најавија дека разговорите ќе продолжат следната недела а викендов во партиите ќе се дискутира и разгледува она штѕо двајцата лидери денеска го разговарале. Конкретни понуди или побарувања за министерски места и функции денеска немало а се разговарало за програмски прашања.

„Нашата покана е Алтернатива да биде дел од Владата.Кај нив постои логична поделеност дали да се влезе во Вкадата или не, што е логично и за мене.Таргетот пред нас се редовни избори, а не вонредни. Сите треба да водиме грижа за европската иднина на земјата и тоа е можно ако имаме стабилна влада и стабилно парламентарно мнозинство. Можно идно соработување ќе биде дефинирано, токму врз програмски принципи. Се очекуваат отстапки од сите не само од СДСМ, туку и ДУИ и сите партнери во владата да прават отстапки. Одлуката на крајот од нив може да бида да влезат, а може и да биде да на влезат. Тоа ми е соопштено денеска на средбата. Но, одлуките се носат на органи на париите“, изјави Заев по средбата во Клубот на пратениците.

Гаши најави дека викендов во партијата ќе се разговара за она што било на маса во Клубот на пратеници и додаде дека разговарал и со опозициските лидери Христијан Мицкоски и Зијадин Села.

„Имаме две опции, првата е приклучување кон парламентарното мнозиство, втората е останување со опозицијата. Јас имам комуникации и со Зијадин Села и со Христијан Мицкоски. Ние овие две различни аспекти за гледање на земјата ќе ги дискутираме во органите на партијата за да видиме кој тежи со повеќе аргументи, а најпрво ќе го ставиме интересот на граѓаните и Албанците. Мислам дека имавме доста плодна комуникација и сум убеден дека ќе ја донесеме најдобрата одлука за сите нас“, кажи Гаши.

Дали Алтернатива ќе влезе во Владата ќе одлучи Централното собрание на партијата, но кога тоа ќе биде свикано Гаши не даде одговор.

„Состанокот на Алтернатива не е свикан. Во вторник е можно и тогаш очекувам да се развие дебатата да видиме кои се приоритетите и како напредуваат преговорите, ако одлучиме да продолжиме со преговорите со СДСМ и премиерртот Заев тогаш може да одиме пред Централното Сонбрание во партијата и нашите членови да одлучат дали ќе одговориме позитивно или негативно“, обајсни Гаши.

Премиерот Заев најави дека во вторник ќе ја активира оставката на претседателското место во СДСМ а тоа за Гаши нема да биде проблем и би разговарал и со неговиот наследник.

„Ќе побарам од органите и телата на партијата да биде свикан Централниот и Извршниот одбор за да се констатира мојата оставка и веднаш да почне постапката за избор на нов претседател на партијата. Зборот е збор и ќе се радувам да дочекам ваква големина и даден збор од други политичари “, рече Заев.

За премиерот Заев логино е идниот претседател на партијата да биде и мандатар на новата Влада но тоа не може да биде пред датумот на кој би требало евентуално да се одржи меѓувладината конфренеција со Бугарија.

„Ако гледате како се постапките по Устав, дефинитивно до 14 декември не може да се избере нова Влада и нов мандатар. Со оглед на искуството од минатото, личмо сметам дека двете функции треба да ги извршува една личност. Сепак, одлуката и за тоа ќе ја донесат органите на партијата“, рече Заев.

На средбата премиерот заев го придружуваше заменикот министер за финансии , Димитар Ковачевски, кој неофицијално се споменува како наследник на претседателското место во СДСМ и чие присуство се протолкува потврда на најавите дека тој ќе ја превземе партијата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG