Линкови за пристапност

Г-7 ја повика Белорусија да стави крај на мигрантската криза


Групата Г-7 ja осуди, како што ја нарече, „оркестрацијата на нерегуларната миграција преку нејзините граници“ од страна на белоруската влада.

Во меѓувреме Полска предупреди за нови обиди за преминување на нејзината граница.

„Го повикуваме режимот веднаш да ја прекине својата агресивна и експлоататорска кампања за да спречи понатамошни смртни случаи и страдања. На меѓународните организации треба да им се обезбеди непосреден и непречен пристап за доставување хуманитарна помош“, се вели во заедничката изјава на министрите за надворешни работи на Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Велика Британија и САД.

Европските земји го обвинуваат белорускиот претседател Александар Лукашенко дека поттикнува илјадници мигранти, главно од Блискиот Исток, илегално да ја преминат границата како одмазда за санкциите воведени од Европската унија.

Белорусија негира дека го организира собирањето мигранти на границата.

Г-7 во четвртокот соопшти дека Белорусија се обидува да го „оттргне вниманието“ од кршењето на меѓународното право и човековите права.

Во соопштението се изразува солидарност со Полска, како и со два други соседи на Белорусија, Литванија и Латвија.

Некои информации за овој извештај се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG