Линкови за пристапност

Шекеринска: „Тест-периодот“ во НАТО заврши


Заврши тест-периодот за НАТО
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:06 0:00

Со потпишувањето на Декларацијата утре ја комплетираме воената интеграција со НАТО, стануваме подеднакво рамноправна членка во сите воени делови на Алијансата, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска

Завршува „тест-периодот“ на Северна Македонија во воените структури на НАТО. По повеќе од година и половина од формалното зачленување во Алијансата, земјава ја комплетира воената интеграција во НАТО. Чинот ќе се официјализира со потпишувањето на Заедничката декларација во присуство на командантот на Сојузничка команда на НАТО за трансформација.

„Со потпишувањето на Декларацијата утре ја комплетираме воената интеграција со НАТО, стануваме подеднакво рамноправна членка во сите воени делови на Алијансата и покажавме дека ги исполнуваме зацртаните цели и ги испорачуваме очекуваните резултати“, изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Процесот на воено спојување со Алијансата почна во 2019-та година и неговото имплементирање се случуваше токму во периодот на пандемијата.

„Во текот на овој период од две години имавме неколку состаноци и без оглед на пандемијата, ние не ја стопиравме динамиката и завршивме во согласност со планираната агенда“, рече заменик началникот на генералштабот, генерал Азим Нуредин.

Во овој период од две години биле исполнети околу 200 точки што Алијансата ги утврдила како неопходни за Северна Македонија да може целосно да биде вклучена во нејзините воени структури. Меѓу тие точки било носење нови закони, подзаконски акти, усвојување нови доктрини, нова организација, модернизација на армијата...

Осовременувањето опфаќа 22 проекти од кои дел се почнати, а дел се почнати, како набавка на инженериски машини, пешадиски возила, ново вооружување за пешадиски единици. Планирани се и нови хеликоптерски единици, артилерија и противвоздушна опрема.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG