Линкови за пристапност

Фајзер бара од американските регулатори одобрување трета доза вакцина за сите возрасни Американци


Производителот на лекови со седиште во САД, Фајзер, побара дополнителната вакцина на неговата вакцина против Ковид-19 да биде одобрена а сите Американци на возраст од 18 години и постари.

Фајзер го поднесе барањето во вторникот до американската Администрација за храна и лекови, повикувајќи се на ново клиничко испитување во кое учествувале 10.000 волонтери кои примиле трета доза на вакцината која вообичаено има две дози.

Според Фајзер прелиминарните резултати покажуваат дека третата доза ја зголемила заштитата од вирусот на околу 95%.

Барањето доаѓа само неколку недели откако Администрација за храна и лекови и Центрите за контрола и превенција на болести на САД одобрија трета доза на вакцината Фајзер за Американци над 65 години, како и возрасни со висок ризик од тешка болест, плус одредени категории работници во сектори како здравство и образование.

Третата доза на Фајзер треба да биде достапна за сите, без оглед дали претходно биле вакцинирани со Модерна или Џонсон и Џонсон.

Некои информации за овој извештај дојдоа од Асошиетед прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG