Линкови за пристапност

Владата прогласи кризна состојба во енергетскиот сектор


Кризната состојба е во траење од 30 дена. Обезбедени се 65 милиони евра за двете државни компаниии од енергетскиот сектор ЕСМ и МЕСПО. Одговорност за лошата состојба на домашните капацитети има но разрешувања засега нема

СКОПЈЕ - Кризна состојба во енергетскиот сектор во траење од 30 дена е одлуката што ја донесе Владата на денешната седница. Целта на оваа мерка е да се ублажат последиците од кризата во енергетскиот сектор и пред се да се овозможи финансика инјекција за државните енергетски компании со која тие ќе останат ликвдни и ќе може да продолжат да купуваат струја од берзите. Рестиркции на струја нема да има, но засега нема да има ниту разрешувања.

Прогласувањето на кризната состојба доаѓа на барање на Комисијата за проценка на енергетскиот сектор како и по извештајот на МЕПСО за проценка на стабилност на енергетскиот сектор каде како заклучок е изведено дека постои ризик.

„Прогласуваме кризна состојба со цел да го подобриме работењето на енергетските компании, да се зголеми нивната ликвидност, а никако за да донесеме рестриктивни мерки што би влијаеле негативно во секојдневниот живот на нашите граѓани“, изјави Крешник Бектеши, на прес конференција по владината седница.

Тој соопшти дека засега се планирани четири милијарди денари или нешто над 65 милиони евра помош од Буџетот за двете државни компании од енергетскиот сектор ЕСМ и МЕПСО, пари со кои тие ќе останат ликвидни и ќе може да набавуваат струја со слободниот пазар за да го покријат недостатокот од домашното производство.

Само во изминативе неколку дена ЕСМ за сума од 9 милиони евра набави околу 40 илјади гигават часови струја. Бектеши смирува, обезбедна е струја до 21 ноември.

Домашните капацитети за производство се десеткувани и нема залихи на јаглен и мазут но на денешната седница не се разгледувало прашањето за евентуално разрешување на директорите на МЕСПСО и ЕСМ, Кутштрим Рамадани и Васко Ковачевски. Министерот Бектеши, кој самиот кажа дека една од причините за моменталната состојба во енергетскиот сектор е недомаќинското работење, не лоцираше вина во никого но додаде дека негов личен став е дека има одговорност кај раководните лица именувани од Владата.

„Лично сметам дека треба да има одговорност, ама првично треба да се справуваме со енергетската криза. Откако ќе се справиме со кризата, ќе седнеме и ќе разговараме и за конкретна одговорност и за тоа кој потфрлил во делот на намалување на домашното производство“,рече министерот Бектеши.

Тој објасни дека Владата му наложила на Управниот одбор на ЕСМ да изготви официјална информација за тоа како работела компанијата и раководните лица во ЕСМ, подружниците и РЕК Битола.

Првиот Блок на РЕК Битола повторно е во функција, произведува струја и е приклучен на енергетската мрежа. РЕК Битола речиси 24 часа беше комплентно исклучена и не поризведе ниту еден киловат откако Блок 1, едниствениот кој работеше, мораше да биде исклучен заради минихаварија и поправка на дефект, пукната цевка во котелот.

Од ЕСМ најавуваат дека до крајот на неделава треба да заврши ремонтот во Блок 2, кој бил плански, и тој да биде ставен во погон и да почне да произведува струја за домаќинстава. Блок 3 по петочната хаварија ќе биде во погон најрано за еден месец.

ТЕЦ Осломеј ќе почне со работа на 1 декември до кога е планирано да заврши ремонтот и дабидат испорачани првите количини јаглен купени на меѓународен тендер а ТЕЦ Неготино чека мазут од државата за да ги вклучи двата блока чиј капацитет е 180 мегавати.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG