Линкови за пристапност

25 отсто повеќе заболени од Ковид -19 во последните седум дена


Загрижува бројката на заболени деца до 9 години. За само една недела регистрирани се 125 случаи што е за 33 отсто повеќе споредено со неделата претходно. Минатата недела се пријавени 49 реинфекции што е за 29 отсто повеќе споредено со претходниот период. Досега се регистрирани 785 реинфекции

СКОПЈЕ - 3.504 новозаболени или зголемување за 25 отсто е регистрирано во периодот од 1 до 7 ноември, покажува анализата на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Нови случаи има во 33 града низ државата а најолем дел од нив се во Скопје – 1.449 случаи. Највисока неделна инциденца пак има во кавадарци со 431,9 заболен на 100 илјади жители и во Крива Паланка со 347.8 заболени на 100 илјади жители.

Во истиот период направени се 22.100 тестирања а процентот на позитивни случаи исто така е зголемен и сега е во просек 15,7 отсто.

„Се забележува зголемување на инциденцата во 28 градови во државата во последните 14 дена во споредба со претходните 14 дена, со најзабележително зголемување во Македонски Брод. Во 6 градови се забележува намалување на инциденцата во последните 14 дена, додека во Демир Капија инциденцата останува непроменета. Р0 се движи од 0,80 во Дојран и Дебар до 2,58 во Македонски Брод“, стои во анализата на ИЈЗ.

Кога станува збор за старосните групи, повторно најчесто на удар се граѓаните над 60 години.

За само една недела 850 нови случаи се на возраст од над 60 години.

Она што загрижува е бројката на заболени деца до 9 години. За само една недела регистрирани се 125 случаи што е за 33 отсто повеќе споредено со неделата претходно.

Зголемување има и кај категоријата на граѓани кои веќе еднаш прележале и повторно се реинфицирале. Минатата недела се пријавени 49 реинфекции што е за 29 отсто повеќе споредено со претходниот период. Досега се регистрирани 785 реинфекции.

Од ИЈЗ соопштија дека во периодот од 1 до 7 ноември се пријавени 79 смртни случаи како последица на компликации предизвикани од Ковид –19. Во црно беа завиени 19 града а најголем број на смртни случаи беа регистрирани во Скопје.

Според последните официјани податоци на здравствените досега се вакцинирани 809.293 граѓани од кои 708 илјади се целосно ревакцинирани со две вакцини а 43.376 граѓани.

„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, соопштија од здравство.

Во моментов во Ковид центрите и на инфективните одделенија се хоспитализирани 548 лица, а од нив 361 се на кислородна поддршка и 40 на инвазивна/неинвазивна механичка вентилација. Во државата има 7.859 активни случаи од кои речиси половина се во Скопје – 3.691 слуај а од почетокот на епидемијата реигстрирани се 7.242 жртви.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG