Линкови за пристапност

РЕК Битола целосно исклучен од енергетската мрежа


ЕСМ најави до вечерва Блок 1 во РЕК Битола ќе произведува струја.Блок 2се ремонтира и треба да почне со работа до крајот на неделата а Блок 3 ќе биде вон употреба најмалку еден месец. ЕСМ за 6,5 миллиони евра купи 31 илјада мегавати од берзите на струја

СКОПЈЕ – Блок еден се поправа, Блок два се ремонтира, Блок три е вон употреба поради пожар. Вака изгелда моменталната состојба во РЕК Битола, најголемиот производител на струја во државата. Во моментот Комбинатот е вон употреба и е исклучен од мрежата.

Ноќеска околку три часот во Блок еден се скинала цевка во котелот поради што раководството го исклучи и овој блок, последниот кој беше во функција, за да може да се поправи. Од ЕСМ тврдат дека вечерва ќе биде повторно во погон.

„Станува збор за планско исклучување на блокот со цел санација на скинатата цевка што се смета за лесен испад на постројката. Се очекува дефектот да биде саниран до вечерните часови и блокот да биде вратен на мрежа“, соопштија од ЕСМ.

Од ЕСМ нема одговор зошто токму сега, во екот на кризата и на старот на грејната сезона, се прави ремонт на блокот број два во РЕК Битола но додаваат дека тој најдоцна до крајот на оваа недела ќе биде оператибилен и приклучен на мрежата. По петочниот пожар во кој изгоре трафостаницата на Блокот три во Комбинатот, поравките се очекуваат да траат најмалку еден месец и тој би можел да се почне да произведува струја најрано кон средината на декември. Дали тоа ќе вилијае на тендерот за набавка на 900 илјади тони јагнел кои беа наменети токму за овој блок чие производство беше превидено да биде поддршка на стопанството и државните институции, останува да се види.

Кон крајот на овој месец, но повторно без прецизен датум, ТЕЦ Осломеј, кој исто така се ремонтира, ќе биде пуштен во погон. Од ТЕЦ Неготино пак соопштија дека сувите стартови се направени, двата блока со вкупна моќност од 180 мегавати се исправни и централата е подготвена да почне со работа, но во електраната имаат мазут за помалку од една недела работа па затоа чекаат од уптаства од Владата.

Домашните капацитети за произдство на струја се десеткувани, сведени се на гасната централа и хидроелектраните чии капацитети не може да задоволат ниту половина од потребната струја во државата. Токму затоа ЕСМ во саботата купи дополнителни 4.560 мегавати струја за кои плати нешто над еден милион евра и ќе се испорача денес и утре. Со оваа струја се покрива неработењето на РЕК Битола, а еден блок во Комбинатот ги произведува овие количини дневно. Само вчера е регистриран дефицит од 4.400 мегавати кој е надополнет преку МЕПСО. Во четвртокот пак купи 26 илјади мегавати струја за сума од 5,5 милиони евра а испораката на оваа енергија која е наменета за домаќинстсва почна и ќе трае до 20 ноември.

Недостатокот на производство на струја, покрај дефектите на РЕК, се должи и на лошото менаџирање со водните ресусрси и ненавремениот ископ и складирање на јаглен, неопходен за производство. За да се намали недостатокот МЕПСО влече струја од европската енергетска мрежа и само за месец октомври ќе треба да плати најмалку петнаесет милиони евра. Од седиштето во Женева веќе се испратени пет опомени, до крајот на месецот бордот на директори треба да донесе одлука дали и какви дополнителни казни ќе има.

Комисијата составена од членови на енергетските компании и министерот за економија Крешник Бектеши, во петокот донесоа заклучок за прогласување на кризна состојба во енергетскиот сектор и го доставија до Владата кој на утрешната седница ќе го прифати и ќе ја прогласи кризната состојба.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG