Линкови за пристапност

Закани за подметнати бомби на три врвни американски универзитети


(Итака, Њујорк, АП) Закани за подметнати бомби во три престижни американски универзитети предизвикаа евакуации и полициски истраги во неделата. Најмалку два од универзитетите соопштија дека заканите биле неосновани.

Универзитетите Корнел, Колумбија и Браун ги предупредија студентите за заканите. Властите во Колумбија и Браун соопштија дека зградите на кампусот биле расчистени во неделата вечер.

Во Итака, Њујорк, полицијата на Корнел го опколи централниот дел на кампусот во неделата, откако доби повик дека бомби се поставени во четири згради.

Во Њујорк, полицијата на Универзитетот Колумбија издаде предупредување за вонредна состојба низ кампусот откако прими закани за бомби во универзитетските згради околу 14:30 часот. Универзитетот ги оцени заканите за неверодостојни непосредно пред 17 часот.

Претставници на Универзитетот Браун во Провиденс, Род Ајленд, испратија порака до студентите во која се вели дека полицијата истражува „повеќе згради на кампусот поради закана за бомба.

Овие закани се случија два дена откако закана за бомба на Универзитетот Јеил принуди евакуација на неколку згради, како и повеќе бизниси во околината во Њу Хевен, Конектикат. Кампусот на Јеил продолжи со нормални активности во петокот навечер, приближно пет часа откако беше примен повикот.

Текстот е преземен од АП.

XS
SM
MD
LG