Линкови за пристапност

Мицкоски: „Имаме мнозинство кое гарантира дека Владата на Заев е минато“


Лидерот на ВМРО - ДПМНЕ вечерва соопшти дека во новото парламентарно мнозинство се партиите БЕСА, Левица, Алтернатива и Алијанса на Албанците. БЕСА денеска најави дека ќе ја урне Владата на СДСМ и ДУИ. Ново мнозинство има 61 пратеник во Парламентот

СКОПЈЕ - Опозицијата успеа да формира мнозинство во Парламентот откако ги доби тројцата пратеници од партијата БЕСА. Пред еден час ова го соопшти лидерот на ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,кој на социјалната мрежа „Фејсбук“ сподели слика на која во канцеларија во Собранието е заедно со Аријанит Хоџа од БЕСА, Димитар Апасиев од Левица, Арбен Таравари од Алијанса и Африм Гаши од Алтернатива.

„Имаме ново парламентарно мнозинство. Новата иднина доаѓа, ново време и нова надеж. Нѐ чекаат силни предизвици, свесни и благодарни за поддршката заедно ќе успееме. Македонија ќе успее! Имаме ново парламентарно мнозинство“, соопшти Мицкоски.

Информацијата ја протврија и присутните лидери и претставници на партиите на средбата во Собранието, кои соопштија дека од вечерва во Парламентот има ново мнозинство.

Мицкоски предмалку соопшти дека во игра се две опции. Првата е да се гласа за доверба на Владата и со оглед дека го имаат мнозитсвото да се изгласа недоверба а потоа да се бара мандатот од претседателот, а втората се брзи предвремени избори. Тој го повика премиерот во оставка Зоран Заев да ја депонира оставката.

„Имаме две опции. Да се окрупни мнозинството и ќе се изгласа недоверба. Доколку Заев тактизира со оставката другото е да одиме на брзи предвремени избори. Ова е мнозиство со кое се гарантира дека Владата на Заев и СДСМ е минато. „Очекуваме Заев да ја поднесе оставката доколку тоа не се случи ние ќе доставиме барање на гласање на доверба и бидејќи го имаме мнозинството ќе изгласаме недоверба“, рече Мицкоски.

Тој најави дека утре на прес конференција ќе соопшти повее детали околу новото Парламентарно мнозинство и следните чекори кои ќе бидат превземени во Собранието.

Ваквиот развој на настаните беше најавен претпладнево кога од „БЕСА“најави напуштање на Владата по одлуката на Државната изборна комисија (ДИК) за прегласување на избирачкото место 2017 во Општина Желино.

Ггенералниот секретар на паријата Аријанит Хоџа рече дека одборот ќе разговара за напуштање на владата а на својот „Фејсбук“ профил напиша: „Желино, кадешто се роди една партија (како Движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“.

Во општина Желино во вториот круг од локалните изобри победи Блерим Сејдиу од Движењето Беса, кој освои 69 гласа повеќе од неговиот противкандидат од ДУИ, Фатмир Изаири.

Според процедурите, претседателот на Собранието, Талат Џафери има рок од три дена да ја закае седницата за гласање на доверба на Владата.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG