Линкови за пристапност

Првпат по 19 месеци ќе се отвори границата со Мексико


Повеќе од половина од продавниците во центарот на Ларедо биле затворени по затворањето на границата

Деветнаесет месеци откако беше затворена границата на САД со Мексико таа ќе биде повторно отворена на осми ноември.

Жителите на градот Ларедо во сојузната држава Тексас, велат дека со нетрпение очекуваат в понеделник да ја поминат границата, кога ќе се отвори мостот за да се обединат со семејството од другата страна.

По затворањето на границата, продажбата во овој град опаднала за 50 проценти, а повеќе од половина од продавниците во центарот на градот биле затворени.

Илјадници луѓе од Мексико доаѓаат во овој град на работа во градежниот сектор, во ресторани, кујни, продавници, како автомеханичари или слично.

Некои продаваат храна на улица, додека други им нудат на соседите помош во градините.

Трговската комора на Ларедо има план за обнова на економијата, вели претседателката Габриела Моралес.

Таа ги повикува локалните бизниси да нудат онлајн купони и попусти напишани на шпански јазик, како и да ги нудат лично на пешачиот мост.

„Ова е нешто што бизнис заедницата го чекаше очајно 19 месеци. Беше многу тешко за луѓето, економијата, заедницата и општетсвото во целина“, рече Моралес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG