СКОПЈЕ – На Бихаќка сеуште се чека писмената оставка на лидерот Зоран Заев кој ја најави во неделата веднаш по поразот на локалните избори.Од партијата и раководството молк околу следните чекори и евентуалниот наследник на лидерската позиција.
“Во периодот што следи, органите на партијата заедно со претседателот Заев работат на решенија и одлуки со кои СДСМ се реорганизира, со единствена цел да продолжи да му служи на својот народ на највисоко можно ниво и да биде водечка партија во парламентарното мнозинство кое го одржува реформскиот и прогресивен курс на земјата”, еофицијланиот став на СДСМ.
По стапките на Заев не тргнаа неговите најблиски соработници и не најавија дека ќе поднесат оставки, што донекаде е изненадување и за јавноста но и за дел од членството. Дел од потесното раководство директно учествуваа во локалните избори како генералниот секретар Љупчо Николовски, кој беше и шеф на изборниот штаб или потпретседателите кои имаа свои задолженија во изборните единици.
„ Очекувам во наредните неколку дена дел од раководството да поднесе оставки. Нивната одговорност сметам дека е поголема од онаа на лидерот Заев, лошо сработија на терен како и во периодот пред локалните избори“, тврди партиски функционер за Гласот на Америка на македонски јазик.
На иста линија е и екс функционерот Александар Кирацовски, кој смета дека комплетното партиско раководство досега требало да поднесе оставка, пред се како чин на солидарност со претседателот Заев.
„Партијата треба да биде отоврена за нови личности кои ќе умеаат и сакаат да придонесат, но тоа треба да се заснова на принципиелност. Лидер од политички калибар не се создава преку ноќ. Таа личност треба да поседува, храброст, мудрост и визија. Заев со своите атрибути според мојата лична проценка е повеќе од 70 проценти од перцепцијата и персонификацијата за СДСМ, ќе биде тешко да се најде негова замена. Во однос на оставките очекував целосна оставка од раководството пред се од солидарност кон Заев. Иако лидерот условно кажано сам потенцираше дека се чувствува најодговорен за случувањата не е единствено одговорен“, изјади Кирацовски.
Она што е јасно е дека партијата најверојатно ќе има целосно ново раководство. Генералниот секретар Николовски, заменикот претседател Сања Лукаревска, потпретседателитеОливер Спасовски, Венко Филипче, Фатмир Битиќи и МИла Царовска беа избрани на предлог токму од Заев.
Засега не се лицитира со имиња за можниот наследник на Заев во СДСМ. Меѓутоа факт е дека почнуваат вантрепартиските групирања и превирања. Додека еден дел од членството јавно го повикува претседателот да ја повлече својата одлука, на терен веќе се почнати агитирања.
Поранешниот премиер Владо Бучковски посочи со прст кон поранешниот претседател на партијата и државата, Бранко Црвенковски, дека ги активирал луѓето блиски до него и ќе се обиде да се врати на чело на СДСМ.
„Има неколку групации кои беа незадоволни од начинот на кој СДСМ ја водеше политиката. Едната групација е на Бранко Црвенковски, кој не го криеше тоа. Беше многу симптоматично тоа што неговото обраќање во МАНУ беше на почетокот на кампањата. И јас се соочив со такво нешто во 2006 година со суетата на Црвенковски. Не сите спонтано останаа дома, дел од членовите на СДСМ, на тој начин направија ваква разлика за ВМРО-ДПМНЕ. Максим Димитриевски исто така отворено се конфронтираше со партијата, рече Бучковски.
Според партискиот статут, роковите почнуваат да течат откако во Бихаќка ќе стигне оставката во писмена форма и ќе биде констатирана од највиоскиот партиски орган – Централниот одбор.
Откако оставката ќе биде констатирана течат роковите. Најдоца за петнаесет дена мора да се за свика Когрес кој треба да се одржи најдоцна до 30 дена од свикувањето. Според нашите извори тоа треба да се случи најдоцна до сердината на идниот месец и ќе се бира комплетно ново раководство.
Зоран Заев беше избран за претседател на СДСМ пред седум месеци со гласовите на речиси 60 илјади социјал-демократи, а партијата ја води од Конгресот во 2013.
Facebook Forum