Линкови за пристапност

Коалициските партнери против оставката на премиерот Заев


На состанокот со коалициските партнери Заев останал на својот став. Предвремени избори не се опција е заклучок на состанокот

СКОПЈЕ - Коалициските партнери на СДСМ кои учествуваа во Владата и Парламентарното мнозинство се против оставката на премиерот Заев и против евцентуални предвремени избори. Тие сметаат дека мнозиството е стабилно а потегот на Заев избрзан и импулсивен.

Ова е заклучокот од попладневната средба на премиерот Заев со претседателите и потпретседателите на колаициските партнери. Сепак тој останал на ставот дека остваката нема да ја повлече.

Од ДУИ соопштија дека претседателот на партијата и синоќа и денеска пред средбата имал два телефонски разговори со Заев кои делумно биле „тензични“. Ахмети не се согласува со одлуката за оставка.

„Синоќа имавме доста тензичен разговор со Заев. Му кажав дека не се согласувам со таквата одлука, со неговата оставка од партијата и претседател на владата. Му ги нагласив силните позиции на ДУИ. Овие се локални избори, ние пред една година победивме на општите избори и добивме мандат за да раководиме со политиките на државата. Така што и денеска повторно разговарав со Заев, му реков дека не можеме да направиме компромис за големи работи, за тој да се повлече. Во неговата партија треба да се разгледа оваа одлука, која според мое мислење е избрзана и неоснована“, изјави Аахмети за телевизијата ТВ21.

А по тричасовмната средба во Владата, вицепремиерот Артан Груби кажа дека на средбата било оценето оти на државата и треба стабилност, предвидливост и партнерство со евроатлантската заедница и дека оставката на премиерот Заев е непотребна.

„Би сакал да ве информирам дека сите партнери што учествуваат во Владата беа апсолутно против оставката на премиерот Заев, затоа што сметаме дека таа беше избрзана и дека тој треба да продолжи со предводењето на Владата и спроведувањето на политиките, затоа што тоа го очекуваат граѓаните. Ова беа локални избори, не се парламентарни избори. Ние го добивме мандатот на 15 јули 2020 година за да ја предводиме оваа земја по евроатланскиот курс. Ние сметаме дека само оваа Влада може да го реши спорот со соседна Софија и да ги отвори пристапните преговори со ЕУ. Не смееме да си дозволиме авантури и како граѓани и како држава во овие кревки моменти“, изјави Груби.

Генералнито секретар на БЕСА, Аријанит Хоџа пак соопшти дека на средбата воопшто не станало збор за нов мандатар или нов состав на Владата.

„Сите се согласивме дека какви било процеси што би воделе кон предвремени парламентарни избори ќе бидат многу проблематични, тешки и за економската ситуација, социјалната и безбедносната во државата. Затоа сите едногласно сме против организирањето на предвремени избори. Се наоѓаме во многу деликатен процес и заради тоа треба сите заеднички да го искажаме ставот дека навистина е потребно да продолжи владејачкото мнозинство бидејќи целта и на оваа Влада кога се состави беше да се убрза процесот на евроинтеграции. Бевме информирани дека останува на оставката, нормално наше барање е за тоа да има простор за колку време тоа би се извршило, бидејќи сме во многу деликатна ситуција политичка, каде што навистина може каков било погрешен чекор да направи тотален хаос, а тоа реално би не однело до предвремени избори за што сите се согласивме дека не е момент, ниту има простор да се организираат“, изјави Хоџа.

Потврда за ставот околу стабилноста на мнозиството во Собранието и предвремените избори стигна и од Владата.

„ Сите партнери од парламентарното мнозинство беа присутни на средбата и изразија поддршка на влада од ова парламентарно мнозинство. Парламентарното мнозинство е стабилно и одговорно кон иднината на државата и народот.Заеднички се констатираше дека на Северна Македонија и на граѓаните на земјата не и се потребни предвремени парламентарни избори и дека такви избори единствено би ја втурнале земјата во политичка, економска, општествена и безбедносна криза, но исто така ќе ги закочат и процесите на европски интеграции на Северна Македонија“, соопштија од Владата.

Претседателите на ДОМ и на ЛДП кои на локланите избори настапија самостојно, Маја Морачанин и Горан Милевска, потврдија дека остануваат дела од коалцииата и нагласија дека се противат на предвремените избори исто како и претседателот на НСДП, Тито Петковски.

Претседателот на ДПА, Мехдух Тачи пак соопшти дека не очекува да се случи „ништо драматично или позначајно“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG