Портпаролката на Белата куќа, Џен Псаки, соопшти дека иако е целосно вакцинирана, се заразила со Ковид-19, додавајќи дека покажува само благи симптоми и е во карантин. Членовите на нејзиното домаќинство исто така биле позитивни, рече таа во објава на Твитер во неделата.
Псаки не отпатува во Европа со американскиот претседател Џо Бајден, кој присуствуваше на самитот на светските лидери на Г-20 во Рим, Италија, а потоа одлета во Глазгов, Шкотска на конференција за климатските промени.