Линкови за пристапност

Турбуленции на политичката сцена по епилогот од локалните избори


Зоран Заев поднесе оставка од премиерката функција и претседателската во СДСМ, ќе помогне во реорганизирање на Владата и во окрупнување на парламентарното мнозинство. Лидерот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, очекува предвремени парламентарни избори

СКОПЈЕ - „ Ја превземам одговорноста на себе за ваквиот развој на политичките настани, заклучно со резултатите на овие избори. Поднесувам оставка од премиер и претседател на СДСМ.Им честитам на сите прогресивни граѓани кои се бореа силно за интегрирана Северна Македонија“.

Премиерот Зоран Заев, за многумина неочекувано, како што најави поднесе оставка премиерската и партиската функција по поразот кој го доживена ноговата СДСМ на овие локални избори.

Нешто по 22 часот, тој застана на говорницата во седиштето на СДСМ на Бихаќка и соопшти дека се повлекува но нагласи дека нема потреба од предвремени парламентарни избори. Најави дека ќе помогне да се реогранизира Владата но и окрупнување на парламентарното мнозинство. Засега останува правната дилема, дали остваката на мандатарот повелкува и оставка на комплетниот кабинет.

„За крај и во вакви околности останувам на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.Претстојат одлични и неповторливи 2,5 години за работа и економски успеси од кои корист ќе има целиот наш народ и државата. Ќе останам периодов додека треба за да помогнам за да се реорганизира нова Влада со прогресивно мнозинство кое го има и постои, а може да биде и уште зголемено. Јас лично како човек сум дел од СДСМ и од прогресивниот народ и останувам во првите борбени редови како член на СДСМ и дел од нашиот прогресивен народ“, рече Заев.

Од друга страна пак, претседателот на опозициската ВМРО - ДПМНЕ, Херистијан Мицкоски, половина час претходно побара оставка од Заев и најави дека ќе бара предвремени парламентарни избори и крај на како што кажа „заевизмот“. Според Мицкоски со овие локални избори власта е делегитимирана и сега ќе се бара создавање на ново парламентарно мнозинство.

„Власта е делегитимириана и тоа е од вечерва, и таа е новата реалност која очекувам со тек на времето да се манифестира и во Парламентот. Но најдобро би било тоа да биде преку предвремени избори. За да може промените на подобро да го земат целиот замав и да бидат еден целосен процес кои ќе се случи на сите нивоа, времето ќе покаже. И сакам да се обратам до мојот политички противник, лично до Зоран Заев, сакам да го замолам да размисли добро што ќе бидат следните чекори да се надмине себе си и да го направи најдоброто за Македонија, да ја разбере конечно пораката, а тоа е дека е доста и треба да замине. Нема повеќе место за криминал, измами и порази за Македонија и народот на Македонија. Би сакал да испратам порака и до оние триесетина луѓе во СДСМ кој ја имаат окупирано Македонија, народот ви испрати порака, немојте да заглавувате уште повеќе во калта во која ја однесовте Македонија. Нетреба само Заев да си оди туку и Заевизмот и се она што тој претставува“, рече Мицкоски од седиштетот на партијата.

За убедливиот пораз на овие локални избори, премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, причината ја лоцираше во финансиски донации за опозицијата од странство но и од домашни бизнисмени понесени од лукративни побуди како и одкоалициина „жртви од насилството со наслиници од ВМРО - ДПМНЕ“.

„ Должност ми е да искоментирам дека на овие избори беа видливи многу пари на терен кај опозицијата, дојдени доминантно од надвор, а дадени заради политички, но и заради економски причини. А дел од големите пари ги добија и од домашни бизнисмени, пред се газди на градежни компании, заради идни лични финансиски интереси и планови. Жалам што сите овие пари се значајна причина за ваквиот резултат на изборите.Исто така сакам да споделам разочараност кај мене, а верувам и кај огромен број граѓани, затоа што мнозинството од народот кој гласеше заедно со сите тие што останаа дома, ги избраа истите луѓе и политичари кои пред 4 години само во парламентот пред очите на целата јавност сакаа и тргнаа да убиваат.Некои од тие насилници се дури и избрани за градоначалници и советници во скопските и другите општини. На овие избори видовме дури и сојузи помеѓу жртви и насилници од 27 април 2017 година. Се здружија жртви на насилството со насилниците од ВМРО-ДПМНЕ без било каков образ за власт и пари“, рече Заев.

Во вториот круг на локалните избори Данела Арсовска го порази Петре Шилегов за градоначалник на Скопје, во Куманово екс социјалдемократот Максим Димитриевски однесе победа над кандидатот од неговата доскорешно матична партија, престедателот на БЕСА Биљал Каксами е новиот градоначалник на Тетово победувајќи ја кандидатаката на ДУИ Теута Арифи а опозицијата победи и во Охрид и Битола.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG