Линкови за пристапност

Почна вториот круг гласање на седмите локални избори


Денеска гласаат болните, осудениците и притворениците и лицата во изолација. Ќе се бираат градоначалници на 44 општини и Град Скопје. ДИК ангажираше над 400 лица како техничка поддршка за да не се повторат проблемите со апаратите за отпечатоци а отпечаот ќе се проверува само по еднаш од двата прсти

СКОПЈЕ - На полноќ стапи на сила изборниот молк кој ќе трае до недела до 19 часот кога треба да се затворат гласачките места и со тоа да завршат седмите локални избори во независна Македонија. Кандидатите за градоначалници и политичките партии вчера вечер ги имаа последните митинзи и средби со граѓаните а утрово веќе почна вториот круг на гласање на седмите локални избори.

Денеска гласаат осудениците и притвореницие, болните и изнемоштените, лицата во изолација и раселените или вкупно 7.645 лица. За нив се подготвени специјални изборчакие одбори додека кај 376 гласачи кои се во изолација поради Ковид -19 има и медицински тимови и е под посебни протоколи. Во Казнено поправните установи (КПУ) гласаат 1.409 гласачи.

„Сите гласачки места во КПУ се отворени во 7 часот и ќе трае до 19 часот. Гласањето тече без никакви проблеми“, изјави Љупка Гугучевска, портпарол на Државната изборна комисија (ДИК).

Во вториот круг ќе се бираат градоначалници на 44 општини и на Град Скопје. Право на глас имаат 1.353.990 избирачи за кои утре во 7 часот наутро ќе се отворат на 2.481 избирачко место каде се дитрибуирани 1,6 милиони гласачки ливчиња кои Државната изборна комисија (ДИК) ги подигна од печатницата „Киро Дандаро“ во Битола.

Гласачите овој пат ќе бираат меѓу двајца кандидати кои освија најмногу гласови во првиот круг и нема да се гласа за општински советници.

Од ДИК очекуваат да не се повторат проблемите со уредите за читање на отпечатоци како во првиот круг. За таа цела меѓу двата круга гласање претседателите и замениците претседатели на Изборачките одбори кои единствено смеат да ракуваат со нив повторно биле на обука.

„На располагање имаме над 400 лица за техничка поддршка на Избирачките одбори кои ќе може да излезат на терен и на лице место и да им помогнат доколку се соочат со потешкотии. Сега се гласа на помал број избирчаки места така да присутноста на терен ќе биде уште поголема“, соопшти Гугучевска.

Во првиот изборен круг впечатливо беше дека процесот на гласање на граѓаните трае предолго пред се поради проверката на отпечатоците па затоа ДИК издаде нови упатсва.

Утре од граѓаните ќе се бара само по една проверка од секој прст, и доколку нема совпаѓање веднаш ќе се оди на друг метод на идентификација.

„Идентификацијата со отпечаток од прст Изборачкиот добро да ја врши со една проверка на показалец а доколку нема совпаѓање во уредот веднаш да се продолжи со идентификација на гласачот преку МРЗ читачот кој го чита личниот документ на гласачот или преку внес на единствениот матичен број“, позјасни портпаролот Гугучевска.

За да се избегне метеж пред и во гласачките места од ДИК со инструкции до Изборачките одбори. Еден член на одборите треба да биде пред гласачките места и објектот за да им помага на гласачките и да ги упатува до гласачкото место, а избирачкиот одбор овој пат ќе треба континуирано да пушта гласачи веднаш по идентификацијата но мора да се внимава зад параваните да има само по еден гласач.

Во првиот круг на локалните избори беа избрани градоначалници во 34 општини а гласаа 938.631 граѓанин со право на глас, или 51,44 отсто.

Утре, првиот круг на локалните избори ќе се прегласува на две избирачки места вво Шуто Оризари и во Дебар каде се запишани околу 1.400 гласачи а во две општини утре нема да се гласа -изборната постапка ќе се повтори бидејќи во првиот круг, на 17 октомври, не беше исполнет цензусот за излезност на најмалку една третина од запишаните избирачи. За овие две општини, претседателот на Собранието наскоро треба да распише нови избори.

За утрешниот втор круг на локалните избори акредитирани се 1.598 набљудувачи,1.220 се домашни 368 меѓународни како и 10 странски новинари.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG