Линкови за пристапност

Стево Карапанџа: Потребно e на угостителите да им се дадат добри услови на работното место


Интервку со светски познатиот готвач, Стево Карапанџа
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:58 0:00

Светски познатиот готвач Стево Карапанџа деновиве одржа мотивационен говор пред неговите колеги од Охрид. Тој во ексклузвно интервју за Гласот на Америка, вели дека ако сака Охрид да привлекува што е можно повеќе странски туристи, треба да нуди локална автохтона храна

Глас на Америка: Г-дин Карапанџа, важите за едно од најпознатите готвачи во регионот и светот. Што им предлагате на вашите колеги во Охрид и студентите од факултетот за туризам? Што треба да им нуди Охрид, каква храна на потенцијалните гости?

Стево Карапанџа: „Јас сум голем поборник да се нуди автохтона, односно локална храна. Јас кога патувам некаде, а сум го пропатувал цел свет од Мексико, Австралија, Јапонија, Африка и секогаш сум сакал да пробам нешто национално но, и да се напијам вино од тој регион. Тоа е цел еден ланец, почнувајќи од луѓето на село, кои произведуваат на пример морков или добро маслиново масло или пак оној рибар кој лови, локална риба. Тоа треба добро да се приготви и да се презентира. Овде е рај, овде има изобилство на намирници од овошје и зеленчук, месо, риба, а овде е и езерото. Јас пробав нешто од тоа и бев воодушевен како беше добро подготвено. Тоа е мојата порака. Да им покажеме на странците дека и ние нешто имаме. Затоа и не е чудно кога ќе дојдат странци, на пример Американци, што уживаат, бидејќи кај нив го нема тој природен вкус, затоа што има малку повеќе индустрија, а овде сето тоа може вистински да се доживее“.

Глас на Америка: Како Охрид да биде препознатлив на туристичката мапа?

Стево Карапанџа: „Единствена моја забелешка е што гледам дека Охрид е премногу изграден. Не би сакал тоа да се претвори во град со многу бетон и еден куп ресторани. Потенцијалот е многу голем. Местото е прекрасно. Има добра клима. Езерото е овде. Денес е многу полесно да се дојде овде. Патиштата се модернизираат, не е тешко да се дојде и со авионски превоз и навистина тука гледам една голема можност и иднина да вистински одите напред. Го имате и Факултетот за туризам, кој образува идни кадри, што е многу позитивно и потребно, бидејќи многу објекти се отворени“.

Глас на Америка: Како да го задржиме стручниот кадар овде во Северна Македонија?

Стево Карапанџа: „Тоа воопшто не е тешко. Потребно е само да им дадете добри услови на работното место. Под тоа се подразбира добра плата, да го работат своето работно време, а ако работат прекувремено тоа да им се плати. Она што и во Хрватска е проблем, е да имаат постојани договори, а не на секои три месеци да им се менуваат. Тоа е единствен начин луѓето да останат. Но, многумина и се враќаат од државите назад, бидејќи и таму не тече мед и млеко. Бидејќи кога ќе видат колку им останува од тие плати, на пример во Швајцарија или Германија, тогаш гледаат дека овде можеби и подобро ќе поминат“.

Глас на Америка: Две години живееме со пандемијата. Како пандемијата се одрази врз туризмот?

Стево Карапанџа: „Многу нешта се случија. Во крајот каде што јас живеам во Истра, Хрватска, оваа сезона беше одлична, бидејќи Хрватска во тој момент имаше мал број на заразени. Имаше и добра пропаганда, а и врските се одлични. Изградени се автопатиштата, авионските врски исто така си го направија своето, така да во мојот крај се бараше кревет повеќе. Но сето тоа траеше многу кратко, односно околу два месеци. Се разбира на почетокот на корона кризата, беше катастрофално. Многу ресторани беа затворени. Луѓето остануваа без работа. Државата го финансираше тој дел, со доделување на минимални плати, но сето тоа беше премалку, бидејќи многумина подигнаа кредити или се задолжија. Луѓето поминуваа низ тешки маки. Но, јас сум оптимист дека мора да има крај на сето ова“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG