Линкови за пристапност

Белата куќа одби да каже дали Бајден ќе ја земе Светата Причест од папата Франциск


Бајден години наназад се обидуваше да ја усогласи својата силна римокатоличка вера со неговата должност да води експлицитно секуларна влада

Американскиот претседател Џо Бајден денес се сретна со папата Франциск во Ватикан, пред самитот на лидерите на Г-20 во Рим за глобалната економија, по што ќе следи самитот за климатските промени во Глазгов, Шкотска.

Претседателот и првата дама Џил Бајден беа пречекани од шефот на Папското домаќинство, монсињор Леонардо Сапиенца. Околу пладне се одржа приватна аудиенција со папата пред да учествува на поширок делегатски состанок, на кој од американска страна беа државниот секретар Антони Блинкен, советникот за националната безбедност Џејк Саливан и заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа Џен О'Мали Дилон.

Белата куќа одби да каже дали Бајден ќе ја земе Светата Причест од папата Франциск - чувствително прашање поради барањето за некој католички претседател кој поддржува абортус да биде забранет од него.

„Тоа е нешто што е многу лично, како што можете да замислите“, изјави главниот заменик-секретар за печат, Карин Жан-Пјер за Гласот на Америка. „Неговата вера е нешто што е многу лично за него. Немам што да споделам во овој момент за тоа“.

Бајден години наназад се обидуваше да ја усогласи својата силна римокатоличка вера со неговата должност да води експлицитно секуларна влада.

Ова е повеќе од само посета на двајца моќни луѓе со милиони фанови и барем исто толку критичари. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан во четвртокот рече дека состанокот, иако првенствено личен, ќе опфати и важни политички прашања. Белата куќа соопшти дека двајцата, придружувани од првата дама Џил Бајден, „ќе разговараат за заедничка работа на напорите засновани на почитување на основното човечко достоинство, вклучително и ставање крај на пандемијата, справување со климатската криза и грижа за сиромашните“.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG