Линкови за пристапност

Бајден и демократите продолжуваат со тешките преговори за нацрт-законот за социјална заштита


Планот за инфраструктурни трошоци доби поддршка од 19 републиканци во Сенатот, но прогресивните демократи во Претставничкиот дом го блокираа неговото усвојување

Демократите во американскиот Конгрес се’ уште се заглавени во преговорите за социјалната заштита на претседателот Џо Бајден и планот за трошење поврзан со климатските промени.

Претседателот во вторникот вечерта во Белата куќа имаше разговори со сенаторите Џо Манчин од Западна Вирџинија и Кирстен Синема од Аризона, двајца умерени пратеници во сопствената Демократска партија на Бајден кои цврсто се спротивставија на поголемиот дел од неговиот првичен план од 3,5 трилиони долари, најголемите владините бенефиции за американските семејства во изминатите пет децении.

Демократите во Сенатот предводени од Елизабет Ворен од Масачусетс претходно во вторникот претставија план со кој ќе се воведе нов минимален данок на корпорациите, заедно со нов „данок за милијардерите“ кој ќе наметне давачки за поединци кои поседуваат најмалку 1 милијарда долари во имот или кои имаат 100 долари милиони заработка три последователни години.

Од своја страна, Манчин се спротивстави на проширувањето на Медикер и Медикеид, владините програми за здравствена заштита за постарите и Американците со ниски приходи, соодветно, како и обезбедувањето 12 недели платено семејно отсуство и давањето на новиот даночен кредит за деца, критикувајќи ги како скапи или непотребни „права“ на новата влада.

Манчин, исто така, се противи на предложената програма за чиста електрична енергија од 150 милијарди долари, која ќе ги замени централите на јаглен и гас во земјата со ветер, сончева и нуклеарна енергија. Програмата е столб на стратегијата на претседателот за борба против климатските промени, но Манчин ја претставува една од најголемите држави што произведуваат јаглен во САД. Неговото противење ја остави администрацијата да се бори да создаде алтернативна стратегија, како што се грантови и заеми за да им се помогне на комуналните претпријатија да се префрлат на обновлива енергија.

Планот за инфраструктурни трошоци доби поддршка од 19 републиканци во Сенатот, но прогресивните демократи во Претставничкиот дом го блокираа неговото усвојување додека не се постигне договор за законодавството за социјалната заштита.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG