Линкови за пристапност

23 октомври - Ден на македонската револуционерна борба


Претседателот Пендаровски порача дека е потребно обединување и дека само се арчиме со меѓусебни судири

Денеска се прославува Денот на македонската национална борба - 23 октомври.
На 23 октомври 1893 година,во Солун, во куќата на Иван Хаџи Николов дојдоа Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Андон Димитров и Христо Ботанџиев. Таа вечер се создаде Македонската револуционерна организација (МРО) од која подоцна произлезе Внатрешно македонската револуционерна организација (ВМРО) или Внатрешно македонско-одринска револуционерна организација (ВМОРО).
Организацијата се бореше за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош однадвор. Со тоа почна организираното македонско револуционерно движење кое преку Илинденското востание во 1903 година, Крушевската Република и Народно-ослободителната војна ја создаде независната и самостојна македонска држава.

Претседателот Стево Пендаровски во честитката до граѓаните по повод Денот на македонската револуционерна борба - 23 октомври порача дека е потребно да си ја сакаме државата, да се обединиме и да не се арчиме со меѓусебни судири.

„Во македонската револуционерна организација имаше различни пристапи, концепти, идеолошки сфаќања, но секогаш само една и единствена заедничка идеја ‒ Македонија слободна и независна.
Без разлика на вера, етникум, идеологија, партиска или каква било припадност да се обединиме околу идејата за демократска, развиена, напредна и просперитетна Република Северна Македонија. Да ги надминеме предизвиците на нашето време,да си ја сакаме и чуваме државата,да не се арчиме со меѓусебни судири и да го оставиме личниот интерес и суетите настрана. Да продолжиме да градиме иднина, инспирирани од родољубието, пожртвуваноста и од хероизмот на нашите револуционери.
Нека е вековит 23 Октомври, Денот на револуционерната борба“, стои во соопштението од претседатескиот Кабинет.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG