Линкови за пристапност

Професорот Ѓорѓиев ја напушти историската Комисија со Бугарија


Ѓорѓиев обвини за двојно водство во Комисијата, политичко влијание и притисоци. Владата, МНР и Комисијата ги отфрлаат наводите на професорот Ѓорѓиев и тврдат дена ниту имало ниту има притисок врз членовите и интервенции во нивното работење

СКОПЈЕ – Македонскиот дел од Комисијата за историски прашања остана без еден член откако професорот Ванчо Ѓорѓиев попладнево соопшти дека поднесува оставка порари политички притисоци, отстапки од договореното и напуштање на т.н. „црвени линии“. Ова се случи додека е во тек средбата на македонските и бугарските историчари која за неколку часа треба да заврши.

Ѓорѓиев, професор на Катедрата по Историја на Филозофскиот факултет и експерт за периодот под османлиска власт и револуционерна борба,се огласи преку соопштение во кое во пет точки ги наведе причините за оставката и ги повика и останатите членови од македонскиот тим да си заминат и да „не ја виткаат кичмата“.

„Во последно време имаше отворени обиди за политичко влијание врз работата на Комисијата што кулминираше во текот на првиот работен ден (21.10.2021 година) на 15 редовна средба преку директно мешање во стручната работа од страна на висок функционер во МНР. При такви околности, под влијание на двојното водство во македонскиот дел од Комисијата, се отстапи од утврдените принципи за консензуално носење одлуки по сите прашања, при што не беше испочитувано договореното на координативниот состанок од 20.10.2021 година“, соопшти Ѓорѓиев.

Тој ги обвини доскорашните колеги од Комисијата дека на оваа средба отстапиле од „црвените линии“ односно Резолуцијата која во јули годинава беше изгласана во Собранието и дека нивните ставови се во спротивност со националните интереси.

Ѓорѓиев во соопштението потенцира дека сите препораки за учебниците за седмо одделение во македонскиот образовен систем се без негова согласност.

Владата, Комисијата и МНР експресно го демантираа Ѓорѓиев.

Од Владата тврдат дека тие но и било која друга државна институција никогаш не влијаеле врз работата на историчарите, Ѓорѓиев меѓу редови го обвинија за пресметан политички потез и му се заблагодарија за досегашниот ангажман.

„Категорично отфрламе било каква инсинуација дека имало било какво влијание на одлуката на професорот Ванчо Георгиев да го прекине својот ангажман како член на Комисијата од страна на Владата или било која нејзина институција. Поаѓајќи од начелото на целосна независност и слобода во работата на Комисијата, секој член на нашиот дел од Комисијата има право да донесе одлука во врска со понатамошното учество. Сметаме дека со тонот, инсинуациите и тајмингот избран да се пласираат невистини, професорот Ванчо Георгиев, си дозволи да го искомпромитира сопствениот научен интегритет и да пласира политички пораки кои немаат никаква врска со реалноста и работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања на Северна Македонија и Бугарија“, соопштија од Владата.

Со соопштение се огласи и Комисијата која во моментов заседава. Ги отфрлаат тврдењата за политички притисок и напуштање на националните интереси.

„Сакаме да потенцираме дека научните принципи во работата на Комисијата биле, се, и ќе останат непроменети и дека не постои никаква основа да се тврди дека постои нов принцип на работа, ниту политички притисок од МНР, Владата или политичките партии.Исто така, вчерашните и денешните разменети предлог-идеи во ништо не отстапуваат или, пак, се разликуваат од досега разменетите предлози и пристапот кој е усогласен од сите членови на македонскиот дел од Комисијата од самиот нејзин почеток и кои во ништо не ги нарушува или, пак, се спротивни на македонскиот идентитет, национални интереси и спомнатите во соопштението на колегата Ѓорѓиев црвени линии усвоени во Собранието“, е ставот на Комисијата.

Со став се огласи и првиот човек на македонската дипломатија. Министерот Бујар Османи отфрли политичко интервенирање во работата на Комисијата но сепак ќе ги испита наводите на Ѓорѓиев. Комисијата разговарала за апсолвирано прашање – Цар Самоил за кого е постигнат договор уште минатата година. Тој додаде дека е разочаран од работата на Комисијата.

„За жал нема ништо договорено вчера и тоа повеќе ме вознемирува отколку дали еден член поради различни причини се повлекол. Најважното во моментов е дека нема прогрес и нема договор за ниту една препораката во однос на учебниците. Разочаран сум бидејќи средбата на Комисијата не е со физичко присуство туку он лајн. И никогаш нема да дозволам, ниту јас, ниту кој од Министерството, да се меша во содржината и во насокит. Ќе реагирам секогаш кога ќе видам опортунизам, секогаш кога ќе видам немање ентузијазам да се продолжи овој процес ,тука ќе реагирам бидејќи имаме одговорност кон граѓаните“, рече Османи.

Комисијата продолжи со работа и по оставката на Ѓорѓиев иако однапред утврдениот формат на работа е по седум члена од секој тим – македонскиот и бугарскиот.

Според официјланите информации на оваа средба повторно на дневен ред се препораките за учебниците како и ликот и делото на Гоце Делчев.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG